Италијанскиот тенисер Јаник Синер е вториот финалист на АТП-турнирот во Торино.
Светскиот рекет број еден, синоќа во полуфиналниот меч самоуверено го совлада Норвежанецот Каспер Руд во два сета – 6:1, 6:2. Средбата траеше 1 час и 10 минути.
Во мечот за трофејот на Завршниот турнир, Синер ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц, кој претходно го победи Германецот Александар Зверев.
Финалето е закажано за вечер со почеток во 18 часот.