ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Буџетот за 2025 година без родова перспектива

November 23, 2024 10:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА

 Владата мора да преземе одговорност и да овозможи јавните средства да се распределуваат на начин што придонесува кон затворање на главните јазови во еднаквоста помеѓу мажите и жените, сметаат од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) кој е член на Меѓународното партнерство за буџети (организација која го подготвува Глобалниот индекс на отворен буџет), како и предводник на Мрежата за родов надзор на буџетирањето.

Според ЦИКП,  Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на барањето на член 35 од новиот Закон за буџети, не вклучува сумарен преглед на родово буџетски изјави на корисниците на буџетот што се регулирани во точка 2, потточка 5 како дел од буџетската документација и се доставуваат заедно со Предлог-буџетот.

Во денешното соопштение ЦИКП укажува на тоа дека без јасна, транспарентно објавена и лесно разбирлива информација за средствата што се алоцирани за родова еднаквост, Владата потфрла и во исполнувањето на индикаторот 5ц1 од целите за одржлив развој на Обединетите Нации.

– Забелешките се однесуваат на: прво, намалени средства за политики за родова еднаквост. Во услови на зголемени расходи за повеќето буџетски програми, средствата наменети за Програмата 8 „Родова еднаквост и недискриминација“ се намалени за значителни 41,5 отсто во споредба со буџетот и ребалансот за 2024 година. Ова значително ќе го ограничи спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост и намалувањето на родовите разлики. Второ, недоволно дефинирани родови цели. Иако член 31 од Законот за буџети бара секој буџетски корисник да идентификува најмалку една родова цел, само Собранието на Република Северна Македонија, Секретаријатот за законодавство, Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади и Министерството за спорт го направиле тоа, пишува во соопштението.

Дури и кај овие институции, како што се додава, „родовите цели се декларативни и не се поддржани со конкретни мерливи индикатори, освен во случајот на Министерството за спорт. Неверојатно е останатите буџетски корисници да не можеле да дефинираат родови цели затоа што ниту една област на делување не е родово неутрална“.

Според ЦИКП, во Предлог-буџетот за 2025 година недостасуваат и алатки за следење на напредокот во постигнувањето на родовите цели. Само две институции имаат полово поделени индикатори.

– Министерството за здравство го постави индикаторот „Број на жени, кои користат бесплатни прегледи за време на бременост“, но очекуваниот број е намален од 300 (2024 година) на само 100 (2025 година). Ова значи дека бесплатниот пристап до превентивната и куративната заштита на жените во време на бременост се очекува да опадне, односно да биде достапна, бесплатно до помал број жени. Министерството за спорт воведе нов индикатор за „Опфат на женски лица кои се занимаваат со спорт“, што е позитивен чекор, но, е единствен меѓу институциите, се истакнува во соопштението.

Апелираат до Собранието итно да го ревидира предложениот буџет за 2025 година.

– Потребно е да се зголемат средствата за спроведување на политики за родова еднаквост, да се вклучат родови цели кај сите буџетски корисници, согласно член 31 од Законот за буџети, да се воведат јасни и мерливи родови индикатори за следење на ефективноста на буџетските програми, исто согласно член 31 од Законот за буџети, се додава во соопштението.

Недостатокот на овие мерки, како што се нагласува, го доведува во прашање напредокот кон родовата еднаквост, но и директно може да влијае на апсорпцијата на средства од Европската Унија, ако имаме предвид дека со Акцискиот план 3 за родова еднаквост, ЕУ се обврза во надворешното финансирање – каде се вклучува финансирањето на земјите кандидати, 85 проценти од средствата да бидат насочени за исполнување на родово одговорни цели.

Оттаму истакнуваат дека иако, буџетот во 2025 година се очекувало да биде првиот буџет каде системски се внесува родовата компонента, Мрежата за родов надзор на буџетот смета дека Владата пропуштила да достави родов буџет во 2025 година.

Tags: Буџетродова еднаквостЦентарот за истражување и креирање политики
Next Post

Запалено возилото на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Кривогаштани

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk