ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Сликање од корист, не од почит

November 23, 2024 14:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Шекеринска преживеа најмалку два атентати што ги организираше политичката партија чии високи претставници на чело со претседателката на Нашата земја, присуствуваа на приемот кој го организираше новата заменичка на генералниот секретар на НАТО по повод своето назначување на високата функција.

Првиот беше кога пратениците на вмро, под диригентската палка на тогашниот министер за финансии Ставревски, ја влечеа и ја исфрлаа од пленарната сала на Собранието, а вториот пат беше кога продолжената рака на лидерот на вмро-дпмне, Груевски и неговото Горското началство во земјата, ја влечеше за коса и ја вртеше како кладиво во собраниската просторија каде што со другите од сдсм и новата власт се беа засолниле пред рзуларената маса која го беше послушала војводата од Виена да не седи дома во папучи туку да излезе и да го брани уставот односно државата.

Од двократна жртва на тешко насилство до приемот на друштвото кое не може да се одлепи од „културното наследство на насилството“ на кое Шекеринска беше жртва, можат да се најдат елементи за поздравување, демек да го оставиме минатото зад нас и да гледаме напред, да не е лицемерието и манипулацијата со тој чин во интерес на изолираната власт.

И приватизацијата на успехот на Шекеринска од страна на власта.

И не на последно место: да не се политиките кои се драстично антинато и на внатрешен план и на надворешен план и покрај бројните декларации со кои сакаат тоа да го маскираат.

Беше тоа сликање од корист – не од почит.

Тие ја мразат Шекеринска не само затоа што е формирана во една друга политичка филозофија, туку и поради тоа што со секоја појава ги потсетува на злото што во блиско минато го правеа.

Се трудам да пронајдам макар една нијанса која ќе ме задоволи и ќе ми каже дека претерувам, односно дека не сум во право. Нема. Можеби тоа ќе се случи во блиска иднина, но не верувам.

Власта е склона да нѐ уверува дека сѐ е ок.

Ние имаме премиер и претседателка роботи кои нѐ уверуваат дека, и покрај сѐ, Македонија ќе биде вечна. И дека е жртва на огромни и долготрајни неправди. Имаме едногласност на реториката која ја прикрива стварноста со која нѐ засипуваат од власта и од медиумите, на начин кој е недостоен ниту за скромна демократија.

Луѓето од власта ни дадоа задача да мислиме дека нивната задача е манипулацијата: со изградба на доверба и управување со жалоста и маката над тешката судбина и неправда. Политиките на демократијата односно политиките кои подразбираат несогласување и кои промовираат искреност, се заменети со психотерапија.

Ние би можеле заедно да тагуваме над статусот на мрсул што се залепил на последниот вагон за Брисел и како Македонија да ги скокаме праговите на пругата и, особено, во нашите глави и во главите на власта, но не можеме или не би смееле да прифатиме да бидеме глупави како власта.

Заедно.

Цело време.

Она малку што ни има останато од историската свест би можело да ни помогне да сфатиме што ни се случува и што би можело да ни се случи.

Секој може да си извлече заклучок.

Мојот е: недостојна судбина за една нација и за нејзините луѓе.

Срамотна.

Неподнослив срам од понижувачката агонија.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Свеќа на сеќавањето. Сила на отпорот.

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk