По кусо боледување денеска на 73 години во Скопје почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.
Владиката Тимотеј кој ја вршеше и функцијата портпарол на Синодот на Македонската православна црква, починал во болница каде бил хоспитализиран пред неколку денови поради проблеми со срцето.
Со Дебарско-кичевската епархија раководи од 1995 година.
За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.