ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

УНИЦЕФ: Речиси половина од членовите на бандите во Хаити се деца

November 25, 2024 16:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Хаити, бројот на деца регрутирани од вооружените банди се зголемил за 70 проценти во 2023 година, предупреди Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ), истакнувајќи дека децата сочинуваат речиси половина од членовите на бандите.

Политичката нестабилност на Хаити трае со децении, но во последните месеци насилството во оваа земја значително ескалираше. Сега, бандите контролираат 80 отсто од територијата на главниот град Порт-о-Пренс.

„Невидениот пораст на насилството, регистриран меѓу вторите квартали на 2023 и 2024 година, укажува на влошување на кризата со заштитата на децата на овој карипски остров погоден од насилство“, се наведува во изјавата на УНИЦЕФ од синоќа.

Во моментов половина од сите членови на вооружените групи се деца, се истакнува во документот.

УНИЦЕФ го објаснува овој пораст на регрутирањето на деца со ескалацијата на насилството, раширената сиромаштија, недостатокот на образование и речиси целосното уништување на клучната инфраструктура.

-Децата на Хаити се заглавени во порочен круг – тие се регрутирани во истите вооружени групи кои ја влошуваат нивната очајна положба, а нивниот број продолжува да расте, изјави Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ,, додавајќи дека „оваа неприфатлива тенденција мора да запре со тоа што безбедноста и добросостојбата на децата ќе станат приоритет за сите страни“.

Tags: УНИЦЕФХаити
Next Post

Суљејмани од ВЛЕН: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Најново

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува техничката влада, СДСМ се повлекува од Изборниот законик

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk