Силен шамар за неодговорната ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николоски! ООН јавно ги демантираше лажните вести на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ кои бесрамно, крајно неодговорно ги шират среде најголемата глобална пандемија со корона вирусот. Не е точно дека ООН правеле некакви проценки на владини мерки како што излажа Николовски. Затоа Обединетите Нации и јавно демантираа и побара да не бидат вклучувани во политички дискусии. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најсветото нешто, здравјето, пишува во соопштението на СДСМ.
„Додека СДСМ и надлежните институции работат и се фокусирани исклучиво во заштита на здравјето на граѓаните и последиците од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести.
Ништо не им е свето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Не им е свето здравјето на граѓаните, не им е битно лекувањето на болните и заздравувањето на економијата.
Тие шират само лажни вести и се обидуваат да профитираат на маката на граѓаните и нивното здравје.
За СДСМ здравјето на граѓаните и справување со последиците од глобалната пандемија со коронавирусот се врвен приоритет.
Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните, да заборави на теснопартиските интереси и да ги остави надлежните институции да се борат со коронавирусот.
Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира во вакви сериозни времиња“, пишува во партиското соопштение.