Досегашната заменичка претседателка на СДСМ Сања Лукаревска ѝ посака успех во работата на новоизбраната Фани Каранфилова Пановска – ја уверувам дека во мене веќе го има најискрениот соработник.
„Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари. Им благодарам за сета поддршка, за трпението, за соработката и за сите критики кои знам дека беа добронамерни. Поминавме низ бројни премрежја, доживеавме и победи и порази, заедно научивме скапоцени животни лекции. И пак велиме : Ние сме СДСМ. Зашто наше мото се зборовите: „битките не се добиваат со евакуација“. Тука сме, обединети и посилни, поразени на избори но не и победени“, напиша во објава на Фејсбук, Лукаревска.
– На Фани, од сè срце, и посакувам успех во зацврстувањето на нашите заеднички социјалдемократски вредности. Безрезервно ја уверувам дека во мене веќе го има најискрениот соработник. Најголемата благодарност и ја упатувам на мојата мајка. Нејзината трпеливост и храброст се мојот најдобар сопатник. На денот на нејзиниот роденден, посакувам уште многу години да патуваме заедно, истакна Лукаревска