Во принцип секоја (меѓусебна) соработка е добра, но се сомневам дека Отворен Балкан има за цел да го зацврсти влијанието на Србија во регионот, политички е легитимно да се бара тоа, но мене тоа ми мириса на алтерантивен процес на ЕУ пристапувањето, алтернатива на Берлинскиот процес… во принип економската и особено културната соработка е клучна во регионот.
Вајц изрази сомневање дека одложената примена на уставните измени би можела да помине во ЕУ, но и посочи дека треба да се бараат гаранции дека нема да има понатамошни блокади од Бугарија.
Според него, Северна Македонија треба посветено да работи на реформите , и дека еднаш штом блокадата ќе биде крената, земјава ќе продолжи забрзано во преговорите за членство.