ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Размислувања за иднината на Северна Македонија – Остра критика за воспоставување на стратешкото партнертсво на Владата со Унгарија

November 28, 2024 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во организација на СДА Македонија денес се одржа трибина насловена како “Размислувања за иднината на Северна Македонија“.

Домаќин и модератор на трибината беше Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, а говорници беа Љубчо Георгиевски, претеседател на ВМРО Народна партија и поранешен премиер на државата, Никица Корубин, поранешен пратеник и аналитичар, како и Ивон Величковски, лидер на Движење за нова република и исто така поранешен пратеник.

На трибината се искажа голема загриженост за тоа што Владата го менува курсот во меѓународната политика кон Исток и ги менува стратешките цели на државата. Говорниците укажаа и дека Владата во процесот на блокирањето на европските интеграции со неусвојување на потребните измени на Уставот повторно ќе ја изолира Република Северна Македонија од демократски развиениеот свет, а со тоа ќе се мотивираат младите уште повеќе да се иселуваат од државата. Беше упатена критика дека изолирањето на државата се прави со цел Република Северна Македонија да не го фати возот за проширувања на ЕУ со Црна Гора и Албанија, кое е најавено да се случи до 2030 година.

Говорниците упатија остра критика и за воспоставување на стратешкото партнертсво со Орбанова Унгарија преку користење на нетранаспарентниот кредит од милијарда евра. Авторитарното владеење на Виктор Орбан е предмет на сериозна критика на државите од ЕУ, каде ние како држава се стремиме да идеме.

Се кретикуваше политиката на Владата која треба да го преиспита учествтото во иницијативата “Отворен Балкан“, во која досега не пристапија БиХ, Црна Гора и Косово, а свое повлекување најави и Албанија. Единствени видливи цели на иницијативата “Отворен Балкан“ се стратешко партнерство со авторитарната политика на Александар Вучиќ и обиди за маргинализирање на иницијативата “Берлински процес“ која има за цел вистинско поврзување на државите од Западен Балкан и нивна интеграција кон ЕУ.

Во заклучните зборови упатен е апел до пратениците во Собранието, и од владеачкото мнозинство, но и од опозицијата, за што побрзо да ги стават на дневен ред Уставните измени, со цел да се откочи домашната блокада на европскиот пат.

Next Post

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk