„За привлекувањето на инвестиции еден од првите моменти дека веќе не нудиме пазар од 2 милиони, туку од 10 милиони луѓе, кое што од луѓето кои биле многу активни во овој процес изминативе 10-15 години сметаат дека тоа е многу силен аргумент“ изјави Нола Исмајлоска Старова, која беше вклучена во иницијативата Отворен Балкан, сега е претставник на Српската стопанска комора во Македонија во поткастот „Каде се парите?“.
Таа додаде дека веќе постојат примери на инвеститори во Македонија и Србија кои ги користат мерките и од иницијативата Отворен Балкан за слободен пристап до пазарот на труд.
„Кога се пристапува заеднички тогаш можностите растат и не само од Европа туку и од САД и други држави во светот“ рече таа.
Исмајлоска-Старова во поткастот истакна дека инвестициите не треба да се делат по националност.