Катар смета дека е неприфатливо Израел да ја искористува моменталната ситуација во Сирија и да го нарушува суверенитетот на земјата, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ел Ансари.
Тој одговарајќи на новинарско прашање дали Катар има комуникација со водечката сириска бунтовничка фракција Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), Ансари наведе дека вратата на Доха е отворена за сите страни во Сирија.