Научниците од МИТ (Институт за технологија во Масачусетс) развиваат алатка за вештачка интелигенција која создава реални сателитски снимки од потенцијални сценарија за поплави.
Алатката комбинира генеративен модел на вештачка интелигенција со модел на поплава базиран на физика за да ги предвиди областите изложени на ризик од поплави, а потоа да генерира детални слики од птичја перспектива за тоа како регионот може да се справи со поплавата, врз основа на силата на бура што се приближува.
– Идејата е дека еден ден би можеле да го искористиме ова пред ураган, каде што обезбедува дополнителен слој за визуелизација за јавноста“, вели во соопштението докторот науки Бјорн Лутјенс, од МИТ.
„Еден од најголемите предизвици е охрабрувањето на луѓето да се евакуираат кога се изложени на ризик. Можеби ова би можело да биде уште една визуелизација која ќе помогне да се зголеми таа подготвеност“, додаде Лутјенс, кој го водеше истражувањето додека беше докторант на Катедрата за аеронаутика и астронаутика на МИТ.
Тимот обучи модел на машинско учење наречен условно генеративна противничка мрежа – GAN, кој создава реални слики користејќи две невронски мрежи кои работат една против друга.
Првата мрежа, наречена „генератор“, учи со проучување на вистински примери, како сателитски снимки од области пред и по ураган. Втората мрежа, „дискриминаторот“, делува како критичар, обидувајќи се да ги разликува вистинските слики од лажните создадени од генераторот. Заедно, тие се подобруваат додека генерираните слики не изгледаат убедливо реалистични.
Преземено: Space.com
Подготви: Б. Т.