ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец

December 18, 2024 16:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

На Влада, исто така, сум била гласна. Гласно сум го кажала мојот став секаде. Но, одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец. Ова го кажа денеска од собраниската говорница министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на прашање на пратеникот СДСМ, Јован Митрески околу мерките за цените на прехранбените производи.

-Наведовте еден куп работи кои не се во рамки на Министерството за финнансии, туку е обврска на Министерството за економија – од потрошувачка кошничка до кои производи биле итн. Јас мојот став го кажав. Сега имаше корекција и беше во насока на тоа дека понудата стигна од приватниот сектор. Кога стигнува понуда од приватниот сектор и компаниите е сосема друга работа од она што се наметнуваше како обврска и наредба од страна на Владата. Значи дека сепак до некаде она што сум го кажала на Влада било прифатено и било комплетно променет моделот. Од тој аспект не можете да кажувате ништо и да вперувате прст во мене, затоа што сум секогаш гласна. На Влада, исто така, сум била гласна. Гласно сум го кажала мојот став секаде. Но одлуката е на Владата како колективно тело а не поединец. Во однос на покачувањето на цените не производите, јас првин не знам и тоа треба да го проверите уште еднаш со Државниот завод за статистика во однос на тие производи кои што ги наведувате колку поскапувале. Видете колку е инфлацијата на прехранбените производи во овие последни месеци, рече министерката.

На прашањето зошто Владата не го прифатила Законот за намалување на ДДВ-то за прехранбени производи, Димитриеска-Кочоска одговори со прашање до Митрески зошто власта на СДСМ не ги прифатила законските измени на ВМРО-ДПМНЕ кои ги предложиле тие претходно во однос на оваа прашање.

-Вие се обидувавте да предложите закон за ДДВ, односно промени кои што ние ги предлагавме исто еден период, меѓутоа вие не ги прифаќавте. Знаете зошто не ги прифаќавте? Затоа што ви одговараше да има инфлација, во тој период да ви се полни буџетот и да ги трошите парите таму каде што не треба. А сега состојбата е комплетно различна и наспроти ова што го зборувате ние ги зголемивме и пензиите и платите во образование, во здравство и полека ќе се зголемуваат платите во останатите сектори. Ќе имаме корекција во март, токму во насока да не трпат граѓаните. Ние го подобруваме животниот стандард на граѓаните. Не можете да ми префрлате во тој дел, рече таа.

Ние, потенцира Димитриеска-Кочоска, сега ги стабилизираме состојбите и посочи дека во иднина уште постабилни ќе бидат и од тоа што се денес.

-Но вие тоа што го направивте со неодговорното однесување кога цените отидоа на ова ниво, не можат да се вратат назад. Знаете зошто? Затоа што имавте еден куп погрешни политики, погрешни мерки и тоа кога ќе отиде на многу повисоко ниво нема враќање назад. Ја уништивте цела економија која сега делчиња по делчиња ја составуваме, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Tags: ВладаКочоскацени
Next Post
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Дебата „Предлози за ревизија на законските одредби за заштита на плурализмот и разновидноста на аудиовизуелните медиумски услуги“

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk