ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривична пријава за полициски службеник од ГП „Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава

December 20, 2024 15:29
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Б.Ј. од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Тој, според МВР, не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка  не почекал системот  да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353-в од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

На 15 декември годинава во 09.06 часот, извршувајќи работни задачи на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце, во кабина на излез од државата, со пропуштање на должен надзор, пријавениот дозволил излез на патничко возило џип „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки, управувано од А.П. од Скопје, а сопатник бил А.Г. од Скопје, за кого постоела активна мерка „задржи и веднаш извести“, согласно распишана телеграма  од Одделот за криминалистичка полиција при МВР.

-Со ваквото дејствие, полицискиот службеник Б.Ј.  му овозможил на А.Г.  да оствари излез од државата и покрај внесената мерка „задржи и веднаш извести“, а исто така, со дејствието нанел штета на угледот на МВР. Имено, полицискиот службеник Б.Ј. не извршил адекватни  проверки за возилото „мерцедес“ при премин на државната граница, не го евидентирал за остварување на излез и патниците од возилото ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  поднел предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекол задолжителни мерки полицискиот службеник да биде суспендиран од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

Според досегашните информации, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби непосредно пред полициската акција поврзана со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија, заедно со стопанственик со дипломатско возило ја напуштил земјава и заминал во Косово.

Бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, е Арсим Папранику, успешен бизнисмен во регионот и сопственик на Нептун.

Во межувреме, Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кој е осомничен а истиот случај. Двајцата се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бајден им го „прости“ студентскиот долг на вработените во јавниот сектор

НАЈНОВО

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

October 18, 2025
Фото: МИА

За уривање на спомен-куќата на Владо Малески, ОЈО Струга оформи предмет

October 18, 2025
Приказната за телескопите

Приказната за телескопите: Поглед кон вселената – од Галилео до Џејм Веб и Роман

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk