ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

„Фенг шуи“ за огледалото во спалната соба

December 24, 2024 11:25
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Огледалата, се вели, се исклучително корисни во домот, меѓу другото, и зашто влијаат на осветлувањето на просторијата, правејќи ја така и визуелно поголема. Сепак, според „Фенг шуи“ филозофијата, поставувањето огледало во спалната соба може да има негативни ефекти.

Имено, повеќето познавачи на распоредот во секојдневниот животен простор, огледалото не е „целосно забрането“, сѐ додека правилно не го поставите во спалната, пренесува порталот „Кликс“.

За да се создаде добра енергија и заради помирен сон, има неколку правила, односно начини на поставување на огледалото. Пред сѐ, користете го за да ја рефлектира позитивната енергија. Огледалото се смета за моќна алатка во „Фенг шуи“, бидејќи треба да ја поттикнува и умножува енергијата на просторијата. Ако огледалото, на пр. рефлектира неред, тоа може да ја умножи негативната енергија. Обратно, огледалото што одразува позитивна слика може да ја зголеми Вашата среќа, напредок и благосостојба, според оваа филозофија.

Поставете го огледалото во спалната соба, така што, на пр., ќе ги прикажува живите растенија во или вон таа просторија. На овој начин, се вели, тоа ќе поттикне личен раст и добри односи.

Користете го огледалото и за „да ја поправите“ положбата на креветот. Во спалната, поставеноста на креветот е особено важна, според „Фенг шуи“ – во однос одморот и релаксирањето. Поставете го леглото во центарот на просторијата, и ако е можно – прилепен до потпорниот ѕид.

Ако, сепак, тоа не е можно, огледалото може да ја поправи таа состојба.

Огледалото, воопшто, може да послужи и за насочување на другите елементи на „Фенг шуи“. Самото огледало е поврзано со елементот „вода“, но може да се додадат и други „Фенг шуи“ елементи во собата – со користење различни облици на рамка. Заоблените форми, на пр., претставуваат јасност на мислата и среќата. Натаму, квадратите и правоаголниците го истакнуваат елементот за самопомош, а триаголните огледала, иако малку поретки, можат да додадат друг поглед на просторијата, а го олицетворуваат огнениот елемент за инспирација и страст.

Кои се местата во спалната соба каде што не се препорачуваат огледала?

„Фенг шуи“ филозофијата вели дека поради неговите моќни својства, треба да се биде внимателен со огледалото во спалната соба. Всушност, некои познавачи веруваат дека тоа е поврзано и со кревкиот сон и со кошмарите.

Така, огледалото, обично, не се поставува спроти креветот, но ниту на таванот над креветот, за да не Ви го наруши сонот.

Покрај тоа, исклучително важно е да се избегнуваат скршени или напукнати стакла. Се вели и дека скршените, непоправени предмети придонесуваат за негативна енергија, па и дека ја блокираат позитивната енергија во просторијата.

Tags: огледалоспална собаФенг шуи
Next Post

ДКСК: Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk