ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пет најчести показатели за можни проблеми во одосот родители – деца

December 28, 2024 11:28
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Фрипик

Фото: Фрипик

Создавањето здрава и силна врска со децата може да биде предизвик, но e клучно за нивниот емоционален развој. Иако понекогаш може да биде потребна и стручна помош, важно е прво да се препознаат знаците што укажуваат дека детето има тешкотии да се поврзе со родителот. Следат петте најчести показатели за можните проблеми и совети за подобрување на односот на родителите со своите деца.

Не Ве слушаат

Кога детето редовно ги игнорира укажувањата и советите на возрасниот, тоа може да значи дека не го сфаќа сѐ тоа сериозно, или пак, не гледа личност на авторитет пред себе. Доколку, на пр., го замолите да си ја исчисти собата и тој / таа се префрли на нешто друго, ова е знак дека е потребна промена во пристапот во воспитувањето.

Не сакаат да минуваат време со Вас

Кога детето редовно избегнува семејни активности и сака повеќе да се дружи со другарчињата отколку со родителите – тоа е сериозен знак. Ако се повлече во својата соба избегнувајќи ги семејните дружби, можеби се работи за детска привреемена бунтовност, но доколку постојано се повлекува, можеби тој / таа не се чувствува поврзан /-а со семејството, што, исто така, бара промени во односот родител – дете, пишува босанскиот портал „Кликс“.

Се однесуваат како да сте им непријател

Ако децата често реагираат бурно или дефанзивно на кое било прашање на родителот, или го гледаат како личност со која постојано се расправаат, тоа значи – има некаква тензија. Ваквото однесување може значително да ги влоши односите, па треба да се обрне внимание и на ваквите реакции.

Речиси никогаш не Ви се доверуваат за својот личен живот

Ова е знак на недоверба. Ако не му е удобно да му се довери на својот татко, или на мајка сѝ, можеби детето не е сигурно дека ќе биде разбрано.

Претеран сарказам и негативни коментари

Кога детето често користи сарказам, цинизам и остри коментари кон родителот, тоа може да биде знак на фрустрација и недоразбирање. Прашања како „Дали воопшто ти е гајле?“ – можат да укажуваат на чувство на запоставување во семејната врска.

Препознавањето на овие знаци е важно за навремено решавање на проблемите во односот родител – дете. Ако се забележи некој од овие признаци, важно е возрасниот отворено да разговара со детето и да се размисли како да се подобри меѓусебното разбирање и поврзаност.

Tags: детеродител
Next Post

(ВИДЕО) Роберт де Ниро како претседател на САД во Нетфликс серијата „Денот нула“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk