Во мерките предложени од СДСМ до Владата на Република Северна Македонија предвидени се и строги, ригорозни мерки за сите кои се обидуваат или ќе се обидат да профитираат на грбот на граѓаните во овој тежок период.
Ако се докаже дека некоја фирма или поединец осмислил и остварил екстра профит на сметка на здравјето на граѓаните користејќи ја кризата, Владата може да посегне по донесување на Уредба за национализација.
“Оваа држава е изградена на принципите на солидарност, меѓусебно помагање и почитување. Како никогаш досега треба да се водиме исклучиво од овие принципи”, рече Заев и повика на единство со цел побрзо и полесно пребродување на кризата.