Банките за три месеци ќе го одложат плаќањето на ратите за сите кредити на граѓани и фирми погодени од кризата. Тоа значи дека априлската рата кредит ќе се плаќа во јули, соопшти денеска на прес конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, презентирајќи го сетот мерки за заштита на граѓаните и справување со економските последици од глобалната пандемија со корона вирусот.
Благодарение на Народна Банка и координација со комерцијалните банки, банките го прифатија ова, а некои велат дека ќе овозможат одложување и повеќе од 3 месеци, истакна Заев.
„Владата веќе поднесе и изготви да се донесе Уредба со законска сила за промена на законот за облигациони односи за банките да можат промнтно без допир, без состаноци да ги прават Анексите и самото одложување на физичките лица, како и на приватните компании погодени од кризата“, нагласи претседателот Заев.
„Пакетот мерки на СДСМ, кој е доставен до владата на разгледување и усвојување е насочен кон граѓаните, кон работниците, кон сите вас чесно си ја заработуваат платата, а сега поради големата неочекувана здравствена криза се наоѓаат пред неизвесност за својата егзистенција“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.