ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home УМЕТНОСТ ПОЕЗИЈА

Бесмртност

January 11, 2025 12:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЕЗИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Tина Иванова, музиколог, продуцентка, писателка – секоја сабота на Фронтлајн.

БЕСМРТНОСТ

Еден човек еднаш рече: „Ништо од нас нема да остане. Нашите тела исчезнуваат во песочните бури. Под земја, сè се распаѓа.“ И навистина стана невидлив. Не напиша песна, не сплете ниту џемпер. Никој никогаш не го изусти неговото име. Пуф – магија!

Друг човек се обиде да живее и по овој земен живот. Рече: „Сега умирам, умира моето тело, но ако голтнам семка од урма, по некое време над мојот гроб ќе никне дрво. Тоа е моето наследство.“ И, за чудо, дрвото порасна, роди плодови, но брзо се исуши, во нем очај. До него немаше пријател со исто стебло. Остана само горчлив здив преполн со клетви коишто ги однесе ветрот далеку, далеку…

Трет човек, на смртната постела, како последна желба побара да му стават златен заб. „Ќе остане барем тоа, мојот престиж ќе урла над споменикот!“ Во потрага по спас, еден зависник од хероин го откопа и го даде на топење во најблиската златарница. За сосема малку пари.

Четвртиот човек се радуваше дека неговата железна шипка во ногата ќе биде неговото наследство. „Органите ќе се исушат, мравките ќе ги изедат, ама ова нешто што го мразам во моето тело е отпорно на корозија. Ќе остане!“ Еден контроверзен уметник се прослави со изложбата „Импланти од мртовци“. Направи фасцинантна скулптура којашто сега стои во депото на Националниот музеј.

Петтиот човек нареди да му ја одерат кожата. „Нека боли, ама ќе послужи за чанти и паричници со мој потпис. Ќе се разликуваат по текстурата, ќе бидат помеки, а јас – запаметен!“ Во сите весници брзо се обзнани овој неетички чин. Изработените аксесоари беа запалени, а името на дизајнерот – пречкртано. Пропадна во заборав.

Шестиот човек гордо ги носеше своите трофеи од спортските подвизи. „Моите медали ќе раскажуваат приказни, ќе бидат и во книгите!“ По кусиот говор на комеморацијата, асистентот ги спакува сите заложби, сиот труд, горко-слатката пот, борбата, страста и емоциите во една малку поголема кутија, оставена пред супермаркетот.

Седмиот човек ги запишуваше своите мисли на салфетки. Ги ставаше во секој џеб од неговата облека. На една од нив пишуваше: „Деца, ако го најдете ова, сетете се на мене како најголемиот противник на хипокризијата и насмејте се!“ И навистина, таа порака на салфетката од една позната биртија поттикна кусо сеќавање, со две-три проголтани солзи. Потоа, децата заминаа во туѓина, а други луѓе го презедоа нивното внимание.

Осмиот човек имаше два спреја, бел и црн, и како патник, на ѕидовите низ градовите го оставаше својот печат – јин-јанг. Во еден град земјотрес ги сруши, во друг град, менаџерот на еден славен бенд врз нив залепи плакати. Патникот замина заедно со своите спомени, а магнетите за фрижидер беа продадени на онлајн маркет.

„Јас ќе живеам преку вештачка интелигенција. Се согласувам да го скенираат мојот мозок!“, рече деветтиот човек. Наеднаш, снема струја. Насекаде.

Десеттиот човек трпеливо гледаше во стрелките од часовникот. Потоа се заврте кон сонцето, па повторно кон часовникот. И повторно, кон сонцето…

#poetryisnotdead

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Не е дозволено преземање без писмена дозвола од редакцијата.

Прочитајте и…

Ги продавам сеќавањата

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: поезијаТина Иванова

НАЈНОВО

Случајно пронајдена бистата на Џим Морисон по речиси четири децении

May 20, 2025

Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож во училиште во Финска

May 20, 2025

Зеленски во писмо до Трамп предлага Украина и САД да склучат договор за слободна трговија

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk