Германската канцеларка вечерва е сместена во домашна изолација откако се утврди дека била третирана од лекар за кој во меѓувреме се востанови дека е заразен од новиот корона вирус., пренесува Дојче Веле.
Портпаролот на германската влада потврди дека канцеларката Ангела Меркел од вечерва е во домашен карантин и од таму ќе ги извршува државничките обврски.
„Канцеларката одлучи да се смести во домашна изолација веднаш. Ќе биде секојдневно тестирана во следните денови и ќе работи од дома“, соопшти владата, пренесе Дојче Веле.