ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Почнува европско клиничко испитување со хлорокин или хлорокинин против корона вирусот

March 22, 2020 21:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против корона вирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања (Инсерм), јави дописникот на МИА.

Третаманот е наречен „Дискавери“ и во него има  хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против коронавирусот. Ова посебно за време на студијата спроведена врз помал број на пациенти во Марсеј.

Тестирањето го спроведува професорот Раулт, директор на Болничкиот универзитетски инстиут Медитеран Инфекција во Марсеј. За шест дена, професорот инјектирал дваесетина пациенти со „Ковид-19“ со доза од 600 мг дневно на Плакенил (името на лекот што се продава на молекула добиено од хлорекин).

-Спектакуларно е, просечното оптеретување на вирусот се нормализира за 20 дена. […] Пациентите кои не го добиле Плакенил, после шест дена сè уште носат 90 отсто од вирусот, додека оние кои добиле третманот се 25 отсто позитивни, објасни докторот на 16 март 2020 година. Тој заедно со хлоракинот користел и третаман со азитромицин, за да се избегнат секундарни бактериски инфекции ”.

Покрај во Франција во Марсеј,  слични студии  биле  спроведени  во Кина, Иран, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Клиничкото тестирање што ќе почне  „има за цел да ја анализира ефикасноста и толеранцијата на терапевтски опции за пациенти во ограничено време“, објаснува Инсерм во соопштението за печатот.

Покрај хлорокин, со тестот се оценува и ремдесивир, лопинавир во комбинација со ритонавир, додека последниот третман е или не е комбиниран со интерферон бета.

Во францускиот дел на тестовите, ќе бидат  вклучени најмалку 800 пациенти со тешки форми на коронавирус. Вкупно ќе бидат опфатени 3.200  пациенти во Европа, поточно во Белгија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Германија и Шпанија.

Добиените податоци ќе бидат споделени со уште едно меѓународно тестирање под името „Солидарност“, што ќе се спроведе под покровителство на Светската здравствена организација.

Клиничкото тестирање доаѓа кога се повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против коронавирусот, министерот за здравство на Франција повика на претпазливост, потсетувајќи дека надежите побудени од некои третмани понекогаш биле разочарувачки.

–Ако овој третман е ефикасен, ние ќе им го понудиме на Французите без одлагање“, рече Оливие Веран на ЛЦИ, додавајќи дека неколку пациенти третирани во француските болници експериментирале со тоа.

Според него, во рок од 15 дена  треба да има консолидирани податоци за резултатиите од тестирањето.

Next Post

Оливер Спасовски на контролен пункт во Чаир

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk