Холивудскиот продуцент, осуден за сексуални напади и силување, Харви Вајнстин е заболен од новиот корона вирус, пренесуваат американските медиуми.
Филмаџијата кој овој четврток наполни 68 години, е изолиран во Казнено-поправниот завод Венд во западен Њујорк. Тој е еден од двајцата затвореници од овој затвор кај кои тестовите покажале дека се позитивни на КОВИД-19, соопштија властите.
Вајнстин издржува 23-годишна затворска казна за силување и сексуална злоупотреба.