ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателката Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет

January 18, 2025 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: кабинет на Сиљановска Давкова

Фото: кабинет на Сиљановска Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Посакувам во 2025 година да ни биде овозможено да тргнеме кон европскиот политички дом каде што географски, историски и културно сме биле и сме. Ако Западниот Балкан е „Ахилова пета“ за поетски настроените западни политичари, тогаш треба да се грижат да не биде погоден од некое оружје. Посакувам, во името на сите граѓани, на крилјата на Реформската агенда да се европеизираме по мерка на Копенхашкиот модел. Балканот е природен дел на Европа, членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе овозможи крај на опасноста од дестабилизација и балканизација! Дипломатијата има особено важна улога да ги препознае негативните трендови кои се сериозен предизвик за Европа како зона на траен мир, во Кантова смисла на зборот, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во синоќешното обраќање на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор во земјава.

Сиљановска-Давкова напомена дека членството во ЕУ беше и останува врвен државен интерес и приоритет, а Брисел, потенцира, е македонската стратешка дестинација.

-И Европската конвенција за фундаментални права како еднаква по важност и по сила на Лисабонскиот договор, од уставен карактер документ, во Преамбулата вели дека ЕУ ќе ги почитува различните култури и традиции на европските народи и на националните идентитети. Токму ова се нашите темелни принципи и јас, како претседателка на Републиката, се залагам за нивно почитување. Или сме еднакви или не сме. Во 21 век, во време на постоење на ООН, Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд, Советот на Европа, Судот во Стразбур, ЕУ, Судот во Луксембург… хипокризија е да се повторува и да се дејствува по формулата: силните го прават тоа што можат, а слабите, тоа што мораат. ЕУ немаше стратегија за Западниот Балкан, категорија што се појави на крајот на деведесеттите, како чудна, геостратешка кованица: земјите на бивша Југославија, минус Словенија, плус Албанија, па минус Хрватска, плус Косово… движечка географија за периферијата на Европа. Како да не е научена лекцијата од крвавиот распад на Југославија, кога ЕУ доцнеше, а САД стигнуваа први. Ние како држава, како македонска нација, се препознаваме во овие тешки како камен монументални зборови на Делор и без никаков нарцизам или претерување, се сметаме себеси за онаа душа што настојуваме да ја споиме со коските на Унијата. Тоа го сакаме, тоа е нашата стратегиска цел за која напорно се бориме повеќе од 30 години, нагласи Сиљановска-Давкова.

Иако сме мала држава, рече, сакаме да бидеме препознаени по нашите специфичности.

-Повеќепати сум цитирала изјави за Европа како недовршена симфонија и би сакала да кажам во духот на музиката, оти ова “Four Seasons” ме потсетува на Вивалди, а нам музиката особено ни лежи како нација, а дипломатијата може да има и Орфеизам во себе. Македонската музика, мелосот ја обележува седумосминскиот такт, но таа е и ГАЈДАТА, сега заштитена и од УНЕСКО како светско културно наследство. А тој инструмент не е изработен од вчера, има длабоки корени во историското наследство. Тоа можеме да го дадеме и го даваме. Тоа е нашата духовна вертикала во европската и во светската дипломатија. Иако сме мала држава, сакаме да бидеме препознаени по нашите специфичности. И тоа е, сепак, нешто ново, ние ви го даваме како можност за дипломатски преговори, наоѓање компромиси, почитување на дипломатскиот такт, кој не е базиран на диктати и преседани, туку на рамноправност, принципи и фундаменти. Нашите песни, не случајно се често тажни, а ората тешки, па едно од најпознатите се вика „Тешкото“, рече Сиљановска-Давкова.

Како што дополни, лично верува не само во традиционалната, туку и во културната, економската и спортската дипломатија.

-Не ја разбирам дипломатијата како „земи или остави“, туку како уметност на можното, па дури и неможното. Лично, преферирам зелени маси пред зелените војнички униформи. Лично, предност ѝ давам на битката со аргументи одошто со оружје. Лично, верувам во идејата на европското обединување како филозофија на мир, подвлече претседателката.

Таа укажа и дека треба да се врати улогата на Обединетите нации како гарант на светскиот мир и поредок. Глобални предизвици се, истакна, и климатските промени, миграциите, ревизијата на историјата, антисемитизмот,…

-Ако правото на живот е основното човеково право, да не заборавиме. На нашиот континент уште беснее руско-украинската војна во која има многу човечки жртви, разурнувања, употреба на суперсонични оружја, дронови, користење на вештачката интелигенција во воени цели. На Блискиот Исток, исто, на прагот е примирје меѓу Израел и Хамас. Неизвесна е состојбата во Сирија. Ние од почетокот на руската воена операција застанавме на страната на Украина, мислиме дека е тоа не само заради единствената европска политика, туку принципиелно. И прашувам – што стана со меѓународното право, меѓународните организации, меѓународните судови? До кога ќе се повикуваме на Тукидит, наместо на Кант, често прашувам? Зарем не сте вие дипломатите кантовци, а не макијавелисти? Зарем не сте вие врвни промотори и бранители на мирот? Секако дека мораме да размислуваме и на нашата одбрана. Ќе потсетам на еден голем германски политичар, Хелмут Кол, којшто изјави: „Русија е најважниот сосед на Германија на Исток и тоа и ќе остане“. Мисли ли вака и Путин, се прашувам? Да не го повторувам она што го кажав во Њујорк: неопходни се длабоки реформи на Светската организација, која не смее да ја доживее судбината на Лигата на народите. ООН доби Нобелова награда за мир, а ѝ се случуваат војни, истакна Сиљановска-Давкова.

За земјава, рече дека има скромни желби.

-Имам скромни желби за пристојна, досадна европска, правна држава со демократски политички систем заснован на поделба на власта и ефикасни спреги и кочници, со независно судство втемелено на владеењето на правото и посветено на заштитата на човековите права што ужива доверба кај граѓаните, со почитувани малцинства и заштитени ранливи групи, општество на рамноправни граѓани, здрава животна средина, компетитивна пазарна економија, со развиен граѓански сектор, силни и стабилни институции, меритократска администрација од Веберов тип, лојална на Уставот и на законите, а не на партиските патрони, одговорна власт, Уставен суд што ќе ги штити уставноста и законитоста и основните човекови права, објективни и одговорни медиуми, квалитетно образование, стимулирана наука, респектирана култура, поддржуван спорт, развиен здравствен систем, социјална држава или со една реченица, задоволни граѓани, рече претседателката Сиљановска-Давкова.

Доајенот на дипломатскиот кор, словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш во своето обраќање на приемот им посака на присутните добро здравје, просперитет и успех во професионалниот и личен живот. Тој и оддаде почит на претседателката Сиљановска Давкова за, како што рече, нејзините извонредни напори во поддршката на иницијативите за помош на онколошките пациенти и другите ранливи групи и замоли за аплауз во знак на признание. Истакна дека на нашата држава не и е потребна инвестиција.

-Брендирањето се наметнува само по себе, бидејќи може гордо да биде позната како „најпријателската земја во светот“, која зрачи со нејзиното гостопримство, одлично вино и срдечни луѓе, истакна Маркуш.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУСиљановска Давкова

НАЈНОВО

Јапонски суд ја укина глобата од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

June 6, 2025

(ФОТО) Охридската чаршија е препуштена на стихијата и тука секој прави што сака, алармираат Охрид SОS

June 6, 2025

Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Трамп рејтинг

    Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk