ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Ин а УГУРАција: Од каде и во какво друштво Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Трамп

January 21, 2025 12:52
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се испофали дека заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, ја следеле инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп… од ложа.

Но, од каде и во кое друштво премиерот Мицкоски со свитата министри, секретари, подсекретари (допрва ќе се утврдува кој сé патувал во Вашингтон) ја следеа инаугурацијата на Трамп, за која во домашните медиуми се говореше дека добил покана од Трамп.

Всушност, Мицкоски, најверојатнo најмногу што можел да добие за парите што ги платаил на ПР агенцијата која го поканила, било место во ложата во Капитал Оне Арена, каде беа собрани поддржувачите на Трамп за да го следат преносот од инаугурацијата на големите екрани во арената.

Capital One Arena е затворена арена во Вашингтон, D.C. Сместена во делот на кинескиот град на поголемиот Пен кварт, арената се наоѓа на врвот на брзата транзитна станица Gallery Place на метрото Вашингтон.

Арената е во сопственост и управувана од Monumental Sports & Entertainment, тој е домашна арена на Вашингтон Капиталс на Националната хокеарска лига (НХЛ), Вашингтон Визардс од Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и машкиот кошаркарски тим на Универзитетот Џорџтаун. Исто така беше дом на Вашингтон Мистикс на Женската национална кошаркарска асоцијација (ВНБА)

Од Капитол Хил, каде што Трамп ја положи заклетвата како 47 претседател на САД е оддалечена 1, 6 киломтри, до каде со одење пешки, доколку не ве болат колената, може да стигнете за 20 минути. Со автомобил е 5 минути, ако не е блокирано поради инаугурацијата, или заглавите во сообраќаен метеж предизвикан од возила на приврзаниците на Трамп.

Значи нашиот премиер, и министерот за надворешни, не ја следеа инаугурацијата во друштво на светски лидери, и видни личности, туку заедно со најтврдокорните поддржувачи на Tрамп (види фото).

Всушност, од европските лидери само италијанската премиерка Џорџа Мелони присуствуваше на инаугурацијата со покана.

Ништо подобро не поминаа ниту останатите „туристички патници“ во Вашингтон, кои се сликаа пред тезга која продава трговски стоки со логото на Трамп, а инаугурацијата ја следеа во банкет сала.

Изгледа дека сепак, најголем дострел на патувањето имаше токму премиерот, кој се пофали на Фејсбук дека се фотографирал со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Маган Кели.

Во меѓувреме, провладините новинари и медиуми пуштени на најјако во оправдување на оваа владина апсолвентска екскурзија во Вашингтон со државни пари.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post
Монтажа

Како ќе се одрази второто претседателство на Трамп врз Северна Македонија и Балканот?

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk