ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Убеден сум дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ

Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка на ЕУ. Свесни сме дека тоа е пат, дека е процес низ којшто треба да поминеме. Очекуваме да го добиеме следниот чекор, а тоа е почеток на преговорите, отворање на поглавјата и на пристапните фондови.....

October 12, 2019 16:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заслужуваме да добиеме одлука за почеток на преговори со Европската Унија.  ЕУ вети – ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Очекуваме ЕУ да  го одржи зборот и  да испорача. Убеден сум дека Европскиот совет на 17 и 18 октомври  ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка на ЕУ. Свесни сме дека тоа е пат, дека е процес низ којшто треба да поминеме. Очекуваме да го добиеме следниот чекор, а тоа е почеток на преговорите, отворање на поглавјата и на пристапните фондови за да продолжи трансформацијата на нашето општество кон европско општество. Тоа се нашите  намери, рече Заев во одговр на прашање при денешната посета на индустриската зона „Новини“ во кумановското село Речица.

Потсети дека  на јунскиот самит на ЕУ се побара одложување на одлуката за почеток на преговори заради тоа што беа многу блиску парламентарните избори и националните парламенти немаа време да дискутираат по Извештајот на ЕУ за нашата земја.

-Сфативме, во ред е, но  направивме дипломатска активност во којашто баравме од канцелараката Меркел, од Бундестагот и од лидерите на другите земји ако е веќе октомври, да биде октомври. И тогаш го добивме зборот од сите. Бундесатогот прати порака и ја заврши својата работа. Верувам и во претседателот Макрон. Легитимна е дебатата за реформи во ЕУ, таа мора да се менува и да опстане како лидер на светско ниво во делот на вредностите, на демократијата, компетативноста,…, но тоа може да се случува паралелно со процесот на проширување. Очекувам на октомврискиот самит дека ќе се разговара за Брегзит и за реформите во ЕУ, но и за проширување на Западен Балкан и за нашата земја, посочи Заев.

Побара европските лидери да го испочитуваат дадениот збор, зашто, како што рече, ние тоа го заслуживме.

-На тој начин ќе не мотивираат да продолжиме понатаму. Ниту еден нема замерка за Република Северна Македонија. Понекогаш се спомнува дека би било добро да биде донесен новиот закон за ЈО, но дефинитивно нема да се кршат одлуките на законот за ЈО. Ако го донесеме ќе ја отстраниме и таа можност за да нема таква дебата. Сите земји во последните 20 години што како земји кандидати добиле одлука за почеток на преговори  направиле помалку од нас. Ние направивме повеќе од сите, потенцира Заев.

Премиерот не очекува Бугарија да прави проблеми на октомврискиот самитна ЕУ и е убеден дека ќе биде една од земјите што ќе гласа за почеток на преговори со Севрна Македонија.

-Во 21 век  во срцето на Европа никој повеќе не зборува за идентитетски прашања. Нашите идентитетски прашања се заокружени, тие се веќе впишани во личната карта на ОН, признаени се од сите. И на нив им е јасно дека идентитетските прашања се конечно потврдени во Договорот за добрососедство во кој се зборува за двата народа. Во Декларацијата што ја потврди и Парламентот, Бугарија зборува за поддршка на одлуката за почеток на преговори со ЕУ.  Точно понатаму во Декларацијата зборува дека Договорот мора да се реализира низ 35-те поглавја и сето тоа за мене е логично заради тоа што бараат гаранции дека тоа ќе се испочитува. Верувам дека и ова прашање ќе го надминеме и ќе го решиме, рече Заев.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори доколу не добиеме покана за почеток на преговори, претседателот на Владата рече дека не се размислува за предвремени избори.

-Како прво не се размислува поради тоа што не размислуваме дека ќе имаме негативна одлука.  Второ, мислам дури и да се добие негативна одлука дека не треба да се оди на избори заради тоа што треба да се искористи периодот до редовните избори, бидејќи е економски драгоцен за целата трансформација што ни се случува, рече Заев и нагласи оти е убеден дека Европскиот совет ќе ја донесе толку долго очекуваната  одлука за почеток на преговори со земјава.

Избор: МИА

Next Post

Се лигавиме со Македонија како Славко Штимац со Неда Арнериќ!

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk