Жителите на општина Липково над две децении бараат јавен превоз, и покрај големата потреба, надлежните не гледаат соодветно да го исполнат ова барање. Недостигот од јавен превоз најмногу го трпат студентите, кои секојдневно се соочуваат со потешкотии при движење и губење време. Општина Липково молчи за овој проблем, пишува Portalb.mk.
За околу 27.000 жители на општина Липково, недостатокот на јавен превоз е секојдневен проблем.
За да патуваат до Куманово, каде што добиваат најголем дел од услугите, треба да патуваат со комбиња или такси, што според нив не е најдоброто можно решение, бидејќи патувањето со такси има најголема цена.
Покрај жителите, отсуството на јавен превоз, најголеми тешкотии им предизвикува на студентите, на кои им требаат и по три часа да стигнат до факултетите во Скопје.
„Еден од главните проблеми во општина Липково е недостигот на јавен превоз, кој многу не кочи нас како студенти. Оваа ситуација ни создава големи предизвици со кои секојдневно се соочуваме да патуваме до Куманово и потоа да го продолжиме патувањето до Скопје. Значи ова ни одзема речиси три часа. Ги повикуваме општинските власти на Липково да преземат мерки и да ни обезбедат директни линии за јавен превоз, особено за студентите“, вели студентка од Липково.
Бидејќи сите административни и задолжителни работи ги вршиме во Куманово, за кои немаме ефикасен или јавен превоз обезбеден од општина Липково до Куманово, што не принудува нас студентите, но и жителите на општината, да патуваме до Куманово со такси, кои многу доцнат. Бараме Општина Липково да го исполни ова барање кое не е исполнето веќе две децении“, вели друг студент од Липково.
Студентите апелираа до надлежните да ги слушнат нивните барања за пуштање линии на јавен превоз во општина Липково.
Од општина Куманово велат дека организацијата на општинскиот превоз е обврска на општина Липково.
„Меѓуопштински редовен превоз може да се реализира само доколку Општина Липково има организирано редовен општински превоз. Министерството за транспорт и врски дава одобрение за меѓуопштински превоз. Општина Липково досега нема преземено никаква активност“, велат од општина Куманово.
Од Порталб соопштуваат дека Општина Липково не одговара со денови на нивните прашања.
Д. Т. / Цивил Медиа