Американскиот државен секретар Марко Рубио побара од Панама да направи „итни промени“ во, како што тој го нарекува „влијание и контрола“ на Кина врз Панамскиот канал.
Највисокиот американски дипломат рече дека Панама мора да дејствува или САД ќе ги преземат неопходните мерки за заштита на своите права според договорот меѓу двете земји, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Предупредувањето уследи по објавата за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп за повторно преземање на каналот и средбата меѓу Рубио и Хозе Раул Мулино, конзервативниот претседател на Панама, во Панама Сити во неделата.
Двајцата функционери излегоа од нивната двочасовна средба со различни толкувања.
Мулино им рече на новинарите дека не гледа сериозна закана од американската воена сила да го заземе каналот, велејќи дека предложил разговори на техничко ниво со САД за да се одговори на загриженоста на Трамп за кинеското влијание.
Подготви: Драган Мишев / Цивил Медиа