ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини – се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица

February 4, 2025 09:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од полноќ до рано утрово беа регистрирани шест земјотреси меѓу 4 и 4,8 степен, а слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден, што според директорот на Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина Василис Карастатис значи дека „сеизмичката активност не деескалира, туку напротив се интензивира“.

За грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ Карастатис објасни дека од 1 февруари заклучно со синоќа имало над 240 земјотреси со јачина поголема од три степени, а во истиот период биле регистрирани 39 земјотреси од над четири степени.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ објасни дека не е активиран раседот од 1956 година што тогаш предизвика земјотрес од 7,7 степени, по што следеше и цунами.

-Овој расед не може да предизвика голем земјотрес, бидејќи во 1956 година ослободи голема енергија. Ќе бидат потребни илјадници години за повторно да се наполни со енергија. Значи, имаме активирање на помали раседи северозападно од раседот кај Аморгос. Активноста е ограничена во близина на Аморгос, посочи Лекас, објаснувајќи дека ова е позитивен елемент, бидејќи конкретниот остров има карпести формации, нема многу објекти, нема голема површина за разлика од Санторини што има сосема спротивни карактеристики.

Поради серијата земјотреси во текот на изминатите најмалку три дена, голем број жители, работници, но и туристи со траекти и авиони го напуштаат Санторини, а двете грчки авиокомпании „Ејџијан“ и „Скај експрес“ воведоа и вонредни летови од и кон островот.

Утрово од „Ејџијан“ соопштија дека вчера имало вкупно девет летови од Санторини до Атина, од кои пет биле вонредни, при што од островот до грчката метропола биле пренесени вкупно 1.294 патници, додека пак за денеска планирани се осум летови, со вкупен капацитет од над 1.400 седишта.

– Вкупно, во првите два дена, понеделник и вторник, со нашите летови ќе бидат пренесени околу 2.500-2.700 патници од Санторини до Атина, информираа од грчката авиокомпанија и додадоа дека доколку има потреба и утре ќе воведат вонредни летови.

Освен авионски, луѓето заминуваат од Санторини и со траекти, а исто како и авиокомпаниите, вонредни линии воведоа и дел од бродските компании.

Процените во Грција се дека досега, најмалку 5.000 лица го напуштија островот.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за утрово закажа министерски состанок за активностите на државниот механизам, додека пак вчера, членовите на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности, по одржаниот состанок предложија и препорачаа продолжување на превентивните мерки.

Како што вчера објави МИА, училиштата на Санторини и на соседните острови Иос, Аморгос и Анафи, до петок ќе бидат затворени, а граѓаните ќе треба: да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и ќе треба итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера упати апел до жителите на Санторини да бидат смирени и да ги следат упатствата на надлежните и објасни дека побарал од надлежното Министерство во следните денови „да подготви сеопфатна научна презентација на геолошките податоци, за сите да знаат каква е појавата со која треба да управуваме“.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, рече дека во следните денови, веројатно в среда, граѓаните на највисоки ниво, ќе бидат детално информирани за сеизмичката активност на Санторини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: земјотресиСанторини

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk