– Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Премиерот со лукзусни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере, велат од СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека „проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби“.
„Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат. Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат. Владата има обврска да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати. Затоа, минималната плата мора да се зголеми и не смее да биде под 500 евра, како основен праг што ќе им овозможи на граѓаните да ги покријат своите основни потреби и да не живеат во сиромаштија“, се нагласув во соопштението од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има интервенција во пресметката на минималната потрошувачка кошничка и во нејзината подготовка да бидат вклучени сите засегнати страни.
На новинарско прашање за исходот од седницаta на Економско-социјалниот совет за измени на методологијата за пресметка на минималната кошничка, Мицкоски повтори дека некои производи до сегашната минималната кошница му се чудни.
Поврзано:
Мицкоски бара интервенции во минималната кошничка, некои производи му биле чудни