Американскиот Сенат ја потврди Пем Бонди за државен обвинител на гласањето кое заврши со резултат 54 спрема 46, објави Си-Ен-Ен.
Бонди, поранешен јавен обвинител на Флорида, беше вториот кандидат на Трамп за оваа позиција, откако Мет Гејтс се повлече поради недостиг на поддршка кај републиканските сенатори.
Нејзината номинација беше одобрена минатата недела од страна на Комитетот за правосудство на Сенатот со тесно мнозинство од 12 гласови против.