Центарoт за современи уметности постави уметничка инсталација на неколку точки во Скопје: Битпазар со поглед кон пазарот и булеварот, и на јужната фасада на ГТЦ.
Во светот во кој лажните вести стануваат сè погласни од вистината, Ѓорѓе Јовановиќ создава уметничко дело кое силно предупредува – не дозволувај да бидеш заслепен!
„Со своето најново дело, авторот ја истражува моќта на дезинформациите кои не само што ги искривуваат фактите, туку и ја обликуваат перцепцијата на луѓето и на цели заедници, терајќи ги да живеат во лага предизвикана од доминацијата на погрешни информации. Во времиња кога лагите се шират побрзо од вистината, а вистинските вредности сè потешко доаѓаат до израз, авторот испраќа јасна порака: секој треба да придонесе во борбата против лажните вести на свој начин. Во неговиот случај – преку уметноста“, истакнуваат од Центарoт за современи уметности .
Централниот дел на делото е монументален цртеж на платно со должина од шест метри, на кое доминира моќно „чудовиште“ – симбол на лажните вести. Ова суштество расте и се храни од лажни вести и дезинформации, ја задушува вистината и ги заслепува граѓаните. Делото го претставува моментот кога човекот престанува да ја гледа вистината, го губи капацитетот за правилно расудување и станува марионета во рацете на креаторите на лажните вести.
„Оваа уметничка акција не е само уметничко дело и визуелно сведоштво, туку и повик за будење. Преку оваа акција сакаме да ги поттикнеме граѓанитекритички да размислуваат, да се спротивстават на дезинформациите и да ја бараат вистината, без разлика колку е тешка за прифаќање. Всушност чудовиштето од насликаната акција е силна метафора за опасностите кои нè демнат ако ја изгубиме способноста за независно и критичко размислување. Затоа преку оваа акција сакаме да ги повикаме граѓаните да не дозволат да бидат дел од масата која слепо верува, туку да ги отворат очите и да се борат за вистината“, наведуѕваат од Центарoт за современи уметности.
Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.