ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Емилија Перез“: Контроверзиите продолжуваат

February 6, 2025 15:06
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Скриншот

Скриншот

„Емилија Перез“ извесно време нижи негативни коментари и контроверзии во пресрет на „Оскарите“, а причините за тоа само се умножуваат.

Филмот на „Нетфликс“, за мексикански картел-водач и гангстер кој си го менува полот за да си ја лажира смртта и потоа живее и „се искупува“ како жена, доби 13 номинации за овогодишните „Оскари“, меѓу коишто и за најдобар филм и најдобра женска главна улога. Но, на 30 јануари, новинарката Сара Хаги откри стари „X“-објави од водечката глумица во филмот – Карла Софија Гаскоњ (која до пред неколку години била Хуан Карлос Гаскоњ).

Според многумина, објавите се расистички, исламофобични и ксенофобични. Гаскоњ објави извинување на „Инстаграм“, наведувајќи дека таа „не е расистка“ и оти објавите се извадени од контекст.

Следно, „Холивуд репортер“ објави на 3 февруари дека Гаскоњ веќе нема да лета од Шпанија за САД за настаните на коишто требаше да присуствува, вклучувајќи го и ручекот на „АФИ“-наградите на 6 февруари, презакажаните награди „Избор на критичарите“ на 7 февруари, како и Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара на 9 февруари.

Од „Нетфликс“, се чини, веќе не сакаат да ѝ обезбедат превоз и сместување за Гаскоњ за кампањата пред „Оскарите“, како што обично прават номинираните.

Сѐ ова – непосредно пред последниот круг на гласањето за „Оскарите“ којшто почнува на 11 февруари (и трае до 18 февруари).

Во меѓувреме, се нижат и видео-рецензиите на интернет, каде што „Емилија Перез“ се споредува со најлошите мјузикли не само за годинава, туку воопшто, во историјата. И на ИМДБ (IMDb), општата оценка за филмот е 5,7 / 10, што е исклучително ниска оцена.

Многу критики одат и во насока на отсуство на мексикански актерки и актери во филмот, и покрај тоа што приказната се одвива, главно – во Мексико… Се спомнува и лошиот шпански нагласок на некои глумици кои не говорат течно максиканско-шпански, што се смета за навреда кон мексиканската култура и неавтентично прикажување на земјата од францускиот режисер на филмот, Жак Одијар, кој и се извини за тоа.

Во една долга статија, пак, „ГЛААД“ (GLAAD) објасни дека е „длабоко ретроградно“ да се користи трансродовиот идентитет на главниот лик како „начин за искупување“. И други критичари во филмскиот свет се согласуваат со тоа.

Филмот „Емилија Перез“ – и трансродовата глумица која го глуми насловниот лик можеби сè уште важат за фаворити за „Оскар“. Но, ако ги освојат – тоа ќе бидат две од најконтроверзните доделени статуетки во историјата на „Оскарите“, според познавачите.

Tags: Емилија Перезконтроверзии
Next Post

Трамп тврди дека САД ќе ја преземат контролата врз Газа по војната, без потреба од американски војници

НАЈНОВО

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025

Ангелов: Сè уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk