ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адеми: Далечинско учење – најавена Национална платформа за е-настава

Министерот најави дека веќе од утре ќе биде достапна платформа која ќе може да се користи на смарт уред и нагласи дека доколку има ученици кои немаат соодветен уред да го контактираат министерството.

March 24, 2020 14:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, на денешната прес конференција ги презентираше дополнетите мерки и програми предвидени за образовниот процес во државата за време на вонредната состојба.

Министерот истакна дека проектот „ТВ Училница“ е добра алтернатива и штета би било да се прогласи крај на школската година, затоа Владата, министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и граѓаните работеа на идеи и решенија за да се најде сеопфатно функционално решение што нема да штети на напредокот на учениците. До сега неколку школи на неформален начин држеа „далечинска настава“.

Сите образовни установи да воведат „далечинско учење“ преку електронски средства за комуникација. Наставиците за целото тоа учење ќе организираат и тестирање на овој начин. Во сите уредби за образование стои дека наставниот кадар МОЖЕ да спроведува онлајн тестирање. Во уредбите стои дека може да се врши оценување, а бирото за образование подготвува препораки кои ќе се адресираат до сите образовни институции. Најголем предизвик се помалите ученици, прво затоа што немаат свој смарт уред, а и затоа што најтешко е ним да им се задржи вниманието.

На прашање од новинар за тоа дали ќе ги поддржи предлозите за намалени плати на просветата, Адеми рече дека не се дискутрало за тоа, но кажа дека принципот на работење во Владата е што е од најдобар интерес на граѓаните.

Прашан за полагањето на државната матура, министерот изјави „внимателно ја следиме ситуацијата и зависно од околностите ќе се преземаат чекори. Роковите за полагање на државна матура се предвидени со календарот за организирање на учебната година. Полагање на матура ќе има, уписи на факулетети ќе има.“

Унифицирана да биде платформа за далечинско учење, се изработува по практично применливи сугестии од околината, конкретно по хрватски модел. Платформата ќе нуди методски единици за сите одделенија, со видео лекции од по 15 минути, придружени со нарација од наставници. Апел до сите наставници да се вклучат во проектот. До сега веќе се пријавени над 600 наставници, а изготвени се над 400 примени лекции, се прави селекција на содржината за да се избегнат дуплирања, итн.

Веќе од утре платформата може да биде достапна. Линкот до оваа национална платформа за далечинско учење е www.eduino.gov.mk. Отворени сме за секакви сугестии во време на изработката на оваа платформа која ќе биде унифицирана за вакви потреби.

Се создава правен основ за ваков формат на настава,

На новинарското прашање „колку ученици немаат пристап до компјутер или интернет?“, министерот уште еднаш потенцира дека, во консултации со МИОА и министерот Манчевски, целата територија на Република Северна Македонија е покриена со интернет, а оние кои немаат смарт уреди да го контактираат министерството за образование и наука.

„Јас сум и член на Кризниот штаб и ви кажувам дека не седиме со скрстени раце, наш приоритет е образовниот напредок на младите“ – рече Адеми.

A. Н. Стојчевски 

 

Next Post

Почнуваме преговори за влез во Европската Унија!

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk