Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Фејсбук им се обрати на граѓаните и им честита на истрајноста и посветеноста на патот кон ЕУ, откако стигна официјалната потврда денес дека Република Северна Македонија треба да започне пристапни преговори кон Унијата.
„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ.
Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.
Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот! #МКвоЕУ #МКвоНАТО“