ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меркел во обид да го убеди Макрон да не блокира, за Заев почетокот на преговори е заслужен

Германската Влада смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала ЕК

October 13, 2019 09:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неизвесност, но и оптимизам ги одбележува последните денови во пресрет на Министерскиот состанок во Луксембург на кој ќе се одлучува за датумот за Северна Македонија и Албанија. Франција навести дека сака на состанокот да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ со што би можело третпат да се одложи одлуката за отворање преговори за двете земји.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да остварат средба, која, како што објави германската државна агенција ДПА, дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

-Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини, вели дипломат во Брисел за германската агенција.

Оценува  дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестаблизација на регионот.

Германската Влада смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала ЕК. Германската агеција ДПА нагласува дека блокадата ќе биде особено горлива за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата.

Германија не е единствената која не се согласува со францускиот потег, пишува ДПА и додава дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

Утре, пак, е свикан нов состанок на COREPER, како обид за постигнување консензус пред министерскиот Совет за општи работи кој треба да заседава во вторник, на 15-ти октомври во Луксембург.

Поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан викдендов изрази претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка, со став дека секој кој го блокира почетокот на пристапните преговори со двете земји го загрозува европскиот курс на регионот и штети на кредибилитетот на Унијата. Во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија во Белград тој најавува дека конференцијата ќе ја искористи за натамошно уверување за потребата од почнување пристапни преговори со Скопје и Тирана.

– Кандидатите за членство, Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правно, политичко и економски приближување на ЕУ. Северна Македонија го заврши спорот околу името со Грција, поради тоа, даде важен придонес во помирувањето и пример е за целиот регион. Понатамошно одложување на почетокот на преговорите би бил потполно погрешен сигнал, порачува во соопштение Соботка според кого, земјите ги исполниле значајните критериуми за старт на преговорите.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати неделава изјави дека земјата заслужи одлука за почеток на преговори со ЕУ и очекува Унијата да  го одржи зборот и  да испорача.

-Убеден сум дека Европскиот совет на 17 и 18 октомври ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава. Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка на ЕУ. Свесни сме дека тоа е пат, дека е процес низ којшто треба да поминеме. Очекуваме да го добиеме следниот чекор, а тоа е почеток на преговорите, отворање на поглавјата и на пристапните фондови за да продолжи трансформацијата на нашето општество кон европско општество, рече Заев во одговор на прашање при посетата вчера на индустриската зона „Новини“ во кумановското село Речица.

Според него, легитимна е дебатата за реформи во ЕУ, таа мора да се менува и да опстане како лидер на светско ниво во делот на вредностите, на демократијата, компетативноста,…, но тоа може да се случува, вели, паралелно со процесот на проширување. Побара европските лидери да го испочитуваат дадениот збор, зашто, како што рече, ние тоа го заслуживме.

Тој не очекува Бугарија да прави проблеми на октомврискиот самит на ЕУ и е убеден дека ќе биде една од земјите што ќе гласа за почеток на преговори со Севрна Македонија.

И министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вчера на конференција за „Перспективите и предизвиците на ЈИЕ“ во Цавтат, Хрватска, истакна дека земјата испорача резултати во однос на политичката стабилност, медиумските слободи, но и постигнувањето на дел од стратешките цели на граѓаните, како членството во НАТО кое го очекуваме до крајот на годинава.

Според министерката, доколку идната недела не се донесе позитивна одлука за Северна Македонија, прогресивните сили кои се подготвени за храбри компромиси, за помирување, за една различна, демократска и напредна слика за Балканот, ќе почувствуваат недостиг од интерес од ЕУ.

Извор: МИА

Next Post

Дивоградбите го загрозуваат растителниот и животинскиот свет во и околу Охридското Езеро

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk