Сите шведски училишта и предучилишни установи ќе мора да направат безбедносни планови со цел да ги задржат неовластените лица подалеку од нивните простории, соопшти денеска шведската Влада.
„На пример, тоа би можело да вклучува… регистар за упис, контроли и систем за заклучување на вратите“, рече министерот за образование Јохан Персон, но додаде дека на училиштата им останува да одредат што е најдобро за нив.
Најмалку 11 лица беа убиени минатата недела откако 35-годишен напаѓач отвори оган во кампусот на училиштето за возрасни Рисбергска во градот Еребро, пред да се застрела.