ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Седумдесет милиони евра од ЕУ помош за државата за справување со корона вирусот

Премиерот Спасовски прашан што се презема во однос на активностите за добивање хуманитарна помош, како другите од соседството, Спасовски одговори дека многу работи прави Владата и дека врши и сопствени набавки и обезбедува опрема.

March 24, 2020 18:19
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За неколку денови се очекува првичната помош од ЕУ за справување со коронавирусот. Станува збор за 70 милиони евра што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Ова го соопштија премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата.

– Се што требаше да биде преземено од македонската Влада  е направено, во постојана комуникација сме. За неколку дена може да ја очекуваме и првичната помош. Активиран е делот од цивилната заштита. Значи сите активности што треба од страна на македонската Влада и ЕУ се преземаат се со цел заеднички успешно да се справиме со пандемијата, рече премиерот Сасовски одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали е добиен одговор од Брисел на барањето на земјава да се испорачаат ветените 50 милиони евра за менаџирање со коронавирусот.

Вицепремиерот европски прашања Османи дополни  дека на утринската координација со земјите од ЕУ, му било соопштено дека 70 милиони евра се мобилизирани за помош на РМ за справување со корона вирусот што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Османи кажа дека тоа е потврда оти ЕУ не ни е партнер само на хартија.

Премиерот Спасовски прашан што се презема во однос на активностите за добивање хуманитарна помош, како другите од соседството, Спасовски одговори дека многу работи прави Владата и дека врши и сопствени набавки и обезбедува опрема.

– Имавме  заштитна опрема на залихи, очекуваме и помошта од повеќе земји да стигне во земјава за неколку дена. Имаме и свои капацитети што се целосно подготвени  за справување. Системот функционира, се што треба да прави Владата прави. Институциите работат со полна пареа, дајте и граѓаните да го направат вистинскиот чекор, а тоа е да останат дома, да помогнат на сите нас додека трае  оваа криза, порача Спасовски.

Next Post

Нови три жртви од корона вирусот во Грција, потврдени 743 случаи на лица заразени со Ковид-19

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk