ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Алкалоид“ донира 200.000 евра на МЗ и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Со намалени цени „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи.

March 24, 2020 18:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите; се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето, информираат денеска од компанијата.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Сето ова се случува во услови кога над 200 наши вработени кои припаѓаат на ризичните групи граѓани се отсутни од работа, па мораме да ги пополнуваме упразнетите места во производните погони со кадар од административните сектори. Почнувајќи од денес, ќе мораме да ги адаптираме и сменските работења во согласност со дозволените термини на движење, имајќи предвид дека голем дел од нашите вработени доаѓаат на работа од подрачја кои гравитираат кон градот Скопје, а сѐ со цел да ги исполниме барањата на пазарот со наши производи.

Во услови кога сите светски економии се оставени сами на себе и се борат за ублажување на ефектите од нова економска криза,кога губењето на работни места е неминовен дел од таа сурова реалност, кога логистичките пречки ја добиваат битката за пласман на производите, ретки се компаниите кои можат да ги надминат овие предизвици и да помогнат на своите економии во вакви тешки времиња.

Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи. Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници.

„Алкалоид АД Скопје“, денеска донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Осврнувајќи се на сите кризи низ кои компанијата минала во изминативе 84 години постоење, оваа е можеби најневообичаената до сега. Изолација сред цивилизација, страв од непознато, борба за зачувување на најскапоценото: здравјето на луѓето. Љубезно апелираме до целата македонска јавност да ги следи и најодговорно да ги почитува препораките на Министерството за здравство и Владата со цел да се превенира најлошото можно сценарио.

Во оваа прилика, ние како компанија,би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, а како традиционален партнер на македонското здравство и фармација и како еден од столбовите на македонската економија, подготвени сме со сите научни, технолошки и кадровски капацитети да помогнеме во справувањето со оваа здравствена криза, затоа што здравјето е пред се!“.

Next Post

Влада: Од утре во општина Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk