ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Користиме германски тестови за Ковид 19, масовно тестирање може да ја искриви сликата

Комисијата за заразни болести, информираше, секојдневно дискутира за масовен скрининг.

March 24, 2020 19:46
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сите тестови за Ковид 19 се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност,  но за жал ниту еден тест не е 100 проценти тоен. Тестовите што  се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораториите за вакви цели, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Како што дополни, за жал, починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Правевме проверка и во однос на правилното земање на брисот со оглед на тоа  што кај секој тест се прави контрола  дали содржи ДНК на пациентката и тоа е потврдено, што значи дека за жал спаѓа во тој многу мал процент на тестови за таа сенизитивност што за жал  не е 100 проценти и не го дава точниот резултат, наведе Филипче.

Комисијата за заразни болести, информираше, секојдневно дискутира за масовен скрининг.

-Ние практично спроведуваме една форма на масовен скрининг. Кога зборуваме за масовен скрининг, за пристап кон пациентите, за начинот на тестирање, во овие тестови  кои се со исклучително висока сензитивност од над 99 проценти, кои што зборуваме и ги имаме, тоа се тестови  на кои се детектира присуство на вирусот, се индицира тогаш кога има епидемиолошки податок заради тоа што сметаме, како и многу други земји, дека доколку се индицира и таму каде има постор за грешка, практично ќе добиеме лажни негативни  резултати, што пак целосно ќе ја искриви сликата, рече Филипче.

Тој дополни дека постојат и тестови  што ги анализират антителата, односно  не го детектираат вирусот туку утврдуваат дали некој го прележал.

– Тие се со уште помал степен на сензитивност, од 80 проценти, што сметам дека во услови кога сме спровеле вака  строги мерки за изолација, карантин, итн.. немаат цел да се спроведат. Тоа го смета и Комисијата за заразни болести. Тоа би било идентификација евентуално на пациенти кои ја прележале болеста  дали на нога или во сосем лесна форма, меѓутоа затоа што не се сензитивни во висок  процент сметаме дека нема да ги дадат точните податоци односно дека има исклучително голем процент на грешка што може да не води  во погрешна насока. Формата на масовно тестирање како што ние сега спроведуваме е по строга епидемилолошка анкета, со задолжителен карантин и самоизолација и тестирање на сите  примарни или секундарни контакти од висок ризик што впрочем се прави. Тоа го правиме од самиот почеток, рече Филипче.

Министерот за здравство повтори дека нема никаква цел да се тестира пацинет кој е потенцијално во период во кој трае инкубацијата на болеста заради тоа што теоретски резултатот може да е негативен до 13-от ден, а да биде позитивен на 14-от ден. Затоа, посочи, комбинацијата на строги мерки на самоизолација, прекин на сите контакти и тестирање откако  ќе помине периодот на инкубација е најсоодветно за најточни и најпрецизни резултати досега. – Никој не правел скрининг, масовно тестирање на целото население. Со 100 процентна сигурност тоа не постои, тоа е нешто што често дава и грешни резултати потенцираше Филипче.лв/скс/

 

Next Post

Тројца вработени од МВР позитивни на Ковид 19, не биле теренски ангажирани

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk