ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица

February 13, 2025 14:32
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за медиумите истакна дека се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Потенцира дека резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенцата покажуваат дека има широка географска активност на грипот, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред.

Директорката истакна дека во периодот од 5 до 9 февруари годинава, во Македонија се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што е за 5,1 процент помалку во споредба со претходната недела кога бројот на регистрирани случаи бил 3.036 наспрема сегашните. Пријавените заболени повеќе се од Скопје 692 лица, во Струмица 333, во Битола 304, во Свети Николе 158, во Охрид 141, во Радовиш 122, во Велес 140, во Куманово 109. А во останатите градови низ земјава бројот на заболени е под 100 лица.

-Согласно достапните податоци, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период. Помалку од претходната недела, но во однос на истата оваа недела од минатата сезона кога бројот бил само 1.875, сега имаме зголемување за дури 53,6 проценти. А во споредба со шестата недела во последните 14 сезони кога бројот бил 2.585, зголемувањето оваа недела споредбено со претходниот период од 14 сезони е за 11,4 проценти. Пријавената инциденца е над неделната граница, на средна активност на вирусот на грип, рече таа.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.552 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години, 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 317 кај деца на возраст од нула до 4 години и 217 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Андоновска нагласи дека во однос на вкупниот број оваа сезона на случаи на грип, заболени се вкупно 11.614 лица. Во споредба со истиот период минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 10,2 проценти. А во однос на последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 11,8 проценти.

-Ние сме во комуникација со нив и тие ја следат состојбата. Тие ги добиваат редовно извештаите, како и сите други надлежни институции. И министерот издаде одредена насока до здравствените институции каде побара од сите здравствените институции да ги почитуваат превентивните мерки со оглед на постоечките бројки, рече Аднонова одговарајаќи на новинарско прашање дали до Комисијата за заразни болести ќе дадат некакви препораки.

Директорката на ИЈЗ истакна дека и стапките за заболени на грип или на акутни респираторни инфекции и во европскиот регион се покачени над основните нивоа во 29 од вкупно 33 земји од области.

Апелира да се следат препораките кои се однесуваат за превенција во однос на заболувањата на грип и слични на грип и доколку се констатира дека некој е заболен да ги следи препораките кои се препорачуваат за самоизолација и одредени други препораки кои се веќе општо познати.

Tags: вирусгрип
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Данската петиција за купување на Калифорнија собра над 200.000 потписи

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk