ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година

February 19, 2025 16:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на следната година автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов. Тоа денеска од Охрид го истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој имаше средба со раководството на компанијата „Костал Македонија“.

Николоски и во оваа прилика посочи на лошо проектираниот зафат за автопатско поврзување чија траса, како што нагласи, минува низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели, објекти што не може да бидат подложни на експропријација. Тоа прашање, како што рече, ќе се решава со законско решение што е во процедура на донесување, легислатива што е веќе усвоена од Владата и наредната седмица ќе биде доставена до Собранието на усвојување.

За проблемите со свлечиштата што многупати беа посочувани како причина за одолговлекувањето на проeктот тој рече дека се ангажирани странски експерти, а решенијата што ќе бидат понудени од нив ќе бидат соопштение на јавноста.

Што се однесува на конечната цена на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, Николоски рече дека ќе направи се да не се излезе од последната проектирана рамка.

Компанијата „Костал Македонија“ е првата компанија што се согласи да го плаќа корпоративниот данок од 15 проценти. Решението помина на Комисијата за економски систем при Владата, истакна дене

– Токму тоа е причината зошто инсистирам зафатите да се завршуваат во предвидената рамка. Доколку не работите во рамки на рокот тогаш инфлацијата го прави своето и тогаш доаѓа до многу повисока цена од договорената, рече тој.

За дел од договорот со „Бехтел и Енка“ за автопатското поврзување од Требеништа до Ќафасан, Николоски истакна дека за делницата од Подмоље до Струга има стриктни забрани од страна на УНЕСКО за градење во заштитениот дел на Охридското Езеро, каде потенцијално би се наоѓала односната делница.

Тој рече дека наредниот месец ќе има средба на  високо ниво со претставници на Министерството за култура, со градоначалникот на Охрид и експерти, посветена на тоа прашање.

– Нема да одиме спротивно препораките на УНЕСКО, стасусот на Регионот е мошне значаен така што ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе биде поместување на трасата посеверено, целосно нова траса или отсечка од Подмоље до Струга како сврзница на автопатот, тоа ќе дискутираме. Само тука не сакам да се врзувам со рокови, но уште од летово кога ќе се пушти делницата од Врбјани до Охрид, а следната година целиот автопат, сликата целосно ќе се смени и ќе зборуваме во порелаксирани услови, рече тој.

Next Post
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Трамп за Зеленски: Тој е диктатор

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk