Советниците на новосадското собрание го избраа Жарко Миќин за нов градоначалник, додека пред Собранието продолжуваат протестите и судирите со полицијата, јавуваат српските медиуми.
Миќин е член на листата „Александар Вучиќ Нови Сад Сутра“.
Опозицијата се спротивставува на изборите, наведувајќи дека актуелната власт го загубила легитимитетот и дека нема морално право да избира градоначалник и градски совет.
Тие ги повикаа граѓаните на протест пред Собранието, каде што утрово пред почетокот на седницата се собра голем број луѓе.
Се фрлаат јајца кон зградата на Собранието, а имаше и физички пресметки со полицијата, при што беа повредени неколку лица.
Србија беше зафатена од бран протести по несреќата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 15 лица.
Покрај оставката на премиерот Милош Вучевиќ, ја поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
Тримесечната блокада на повеќе од 60 факултети во четири државни универзитетски центри и блокадата на патиштата со кои студентите бараат одговорност од властите за смртоносниот пад на настрешницата и разоткривањето на корупцијата на државно ниво и ефективното работење на институциите без политичко влијание, државниот врв ја нарекуваат „обоена револуција“.
Д. Т. / Цивил Медиа