ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Како изгледаат 93 метри под површината на Антарктикот?

February 24, 2025 15:21
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Како научник, Остин Картер го истражува Антарктикот, па со оглед на тоа дека тоа е најмалку истражениот континент на Земјата, секоја новост оттаму предизвикува голема љубопитност кај научниците, но и кај следачите и јавноста. Така, неговото видео од длабочините на „Ледениот Континент“ собра речиси 22 милиони прегледи и повеќе од 2,6 милиони допаѓања на „Тик-ток“.

Картер, всушност, минал 75 дена на Антарктикот пред две години – тогаш како докторанд. Во тоа време, имено, ја објавил видеоснимката, но интернет-просторот сега повторно ја врати на светската интернет-сцена.

@austincarter642

travel to the bottom of the East Antarctic Ice Sheet #antarctica #ice #climatechange #sounds

♬ The Twilight Zone Main Theme – Geek Music

Во видеото, Картер покажува дупка длабока 93 метри што тој и истражувачите од Центарот за истражување на прастар мраз (КОЛДЕКС) ја ископале во ледот на Антарктикот, во областа Алан Хилс – каде што е пронајден најстариот мраз на Земјата. Целта на истражувачите денес е да одат уште подлабоко, да стигнат до постарите слоеви мраз и така да добијат подобар увид во историјата на климатскиот систем на нашата планета.

Што може да се крие во такви ледени длабочини? Можните одговори вклучуваат фосили од непознати видови, ретки материи, па дури и потенцијално опасни бактерии и вируси коишто илјадници години биле заробени во мразот.

На снимката се гледа како камерата забрзува додека гравитацијата ја влече кон дното низ тој магичен леден тунел. На самото дно се наоѓа – уште снег, а под тој слој – карпа. До таа точка, всушност, запрело дупчењето.

Научниците проучуваат примероци од мраз од големите длабочини за подобро да го разберат климатското минато на Земјата. Со проучување на тие прастари ледени плочи, може да се добијат клучни податоци за климатските промени и условите на планетава пред милиони години.

Tags: Антарктикповршина
Next Post
Marian Kamensky

Не е агресор?!

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk