Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер вели дека ОК ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП до 2027 година, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Трошоците за одбрана на ОК во моментов се еднакви на 2,3% од БДП – Стармер вели дека до 2027 година, зголемувањето ќе значи дополнителни 13,4 милијарди фунти годишно за одбраната
Додека трошоците за одбрана се зголемуваат, Стармер вели дека „развојните трошоци“ за помош ќе паднат од 0,5 отсто од националниот приход на 0,3 отсто
Владата веќе се обврза на зголемување на трошоците за одбрана на 2,5% – но не постави распоред.
Стармер вети дека ќе ги достигне трошоците за одбрана на 3 отсто од БДП во следниот парламент. Тој вели дека Европа мора да „направи повеќе“.
Најавата доаѓа неколку дена пред Стармер да лета во САД за да се сретне со претседателот Трамп, во обидт да го премостат продлабочениот безбедносен јаз меѓу Европа и САД
Во понеделникот вечерта во САД, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека примирјето меѓу Украина и Русија може да биде договорено во наредните недели
Драган Мишев / Цивил Медиа