ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев за лажни вести кога тој на денешниот прес обвини дека ДПМНЕ е едиствената партија која не им честиташе на граѓаните на Северна Македонија за успехот во евроинтегративниот процес, односно зеленото светло за добивањето датум кое го даде вчера Советот за Општи работи на ЕУ.
За да се потврди вистината, кој шири лажни вести, кој честиташе и кој не честиташе подоле го пренесуваме целото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и линкот од текстот објавен на официјалната страна на оваа партија. Ние не успеавме да го најдеме зборот “Честито” или друга варијанта на овој збор, затоа се молам читателите да направат подетална поверка на текстот:
Соопштение до јавноста
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија, а воедно го очекуваме и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.
Европските определби се наша стратешка ориентација и преставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001-та година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија.
Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните.
Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди.
Добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ.
Линкот и до изјавата на претседателот на СДСМ: Заев: Честитки стигнаа од сите страни, освен од ВМРО-ДПМНЕ
А. Зеќири