ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитриевска-Кочоска: До крајот на месецот се очекуваат понудите од банките за 400 милиони евра за надминување на кризата од корона вирусот

Таа додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во  однос на барањето до ММФ рече дека се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства да стигнат побрзо.

March 25, 2020 21:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Најдоцна до 5 мај се очекува да се добијат 400-те милиони евра што државата ги бара од комерцијалните банки, за обезбедување дополнителни средства за надминување на кризата предизвиката од корона вирусот, а банките своите понуди да ги достават до крајот на овој месец, вели дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.

-Во саботата ставив потпис на писмата што се пуштија до ММФ и Светска банка, како и  до комерцијалните банки. Целта беше да се обезбедат дополнитлени средства  со цел да ја надминеме оваа криза.  Согласно она што е наведно во писмата се бара пред се комерцијалните банки своите понуди да ги достават  до крајот на март  по што ќе следи евалуација од страна на  вработените во секторот за јавен долг при Министерството за финансии  по што ќе треба да се потпише  договор. Ќе се потпишува договор согласно англиското право па  оради тоа дополнитлено ќе се ангажира  и во писмото се бара адвокатска куќа која што би помогнала во овој дел, што значи дека средствата најдоцна до 5 мај ги очекуваме да бидат исплатени доколку нели, се би одело како што треба, рече Димитриевска Кочоска во гостување во емисијата Топ тема на ТВ  Телма.

Таа додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во однос на барањето до ММФ рече дека се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства да стигнат побрзо.

Се уште нема информација, како што рече, колку средства ќе ни се стават на располагање  од Светска банка и за колку време би ги добиле. Бараме помеѓу 100 и 120 милиони евра, но, посочи, не знаеме колку ќе ни одобрат.

Дополнителната заменик-министерка за финансии не очекува проблеми да се обезбедат овие средства, но, како што рече, можеби ќе биде само прашање која е цената.

Димитриевска Кочоска посочи дека проекциите се оти на приходната страна ќе има 60 отсто помалку приходи од планираното во Буџетот за оваа година, ако се има предвид состојбата со корона вирусот каде немаме тренд на намалување, туку се зголемува и ќе трае одреден период.

-Имаме четири милијарди евра приход. Од тие ќе имаме 40 отсто приходи, што е  во суштина 1,6 милијарди приход. Се друго недостига. Недостигаат отприлика 2,4 милијарди, истакна Димитриевска Кочоска.

Next Post

Солидарност, инаку отидовме јабана

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk