ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реал го победи Атлетико, Арсенал го прегази ПСВ, Дортмунд и Лил ремизираа во осминафиналето на ЛШ

March 5, 2025 10:48
in ДЕНЕС, СПОРТ

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, актуелниот европски шампион Реал Мадрид победи со 2:1 (1:1) на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетико Мадрид и дојде до предност во пресрет на реваншот на „Ванда Метрополитано“. Карло Анчелоти ја доби првата битка, ќе видиме дали ќе ја добие војната против Диего Симеоне.

Реал Мадрид не можеше да побара подобар старт бидејќи Родриго откако ја прими топката од Валверде, влезе во шеснаесетникот од десно, а потоа со левата нога шутираше во голот на Јан Облак. Домаќините имаа иницијатива во првите 20 минути, контрола на натпреварот, но и два добри потези кои не ги комплетираа голгетерот и Винисиус Жуниор.

Хулијан Алварез потоа ја покажа својата класа. „Пајакот“ на Атлетико дијагонално од левата страна ја тргна пајажината од аголот на мрежата на Тибо Куртоа за молк на домашните навивачи, а на радост на 4.000 навивачи на „јорганџиите“.

Реал уште еднаш го зададе првиот удар во преостанатиот дел од натпреварот. Брахим Дијаз ја измеша одбраната, а потоа мајсторски ја турна топката во корнер на ново воодушевување на навивачите на „кралскиот клуб“.

Фудбалерите на Арсенал пак веќе се со една нога во четвртфиналето, откако „топџиите“ ги декласираа со 7:1 (3:1) ПСВ во Ајндховен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и практично обезбедија место меѓу најдобрите осум екипи.

Арсенал речиси сигурно ќе се соочи со подобриот од двата тима во четвртфиналето, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Борусија Дортмунд и Лил ремизираа 1-1 (1-0) во првиот двомеч од Лигата на шампионите во Дортмунд, па реваншот на 12 март во северна Франција ќе го реши следниот патник во нокаут фазата од елитното натпреварување на УЕФА.

Иако „милионерите“ важеа за фаворити во Германија, Лил заслужено освои бод со храбра и пред се дисциплинирана игра во вториот дел.

Резултати од осминафиналето во Лигата на шампионите (први натпревари):

Реал Мадрид (Шпанија) – Атлетико Мадрид (Шпанија) – 2:1
ПСВ Ајндховен (Холандија) – Арсенал (Англија) – 1:7
Борусија Дортмунд (Германија) – Лил (Франција) – 1:1
Клуб Бриж (Белгија) – Астон Вила (Англија) – 1:3

Во среда:

Феенорд (Холандија) – Интер (Италија)
Пари Сен Жермен (Франција) – Ливерпул (Англија)
Баерн Минхен (Германија) – Баер Леверкузен (Германија)
Бенфика (Португалија) – Барселона (Шпанија)

Реваншите се играат на 11 и 12 март.

Tags: Лига на шампиони
Next Post
Скриншот

Трамп го собори рекордот на Клинтон за најдолг говор пред Конгресот

НАЈНОВО

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk