Петнаесет лица се повредени во Јужна Кореја , од кои двајца потешко, откако пар борбени авиони случајно фрлиле осум бомби во цивилен кварт за време на воена вежба со жив оган, објавија локалните медиуми, пренесува Би-би-си.
Инцидентот во кој учествувал авионот КФ-16 на воздухопловните сили се случил околу 10:04 часот по локално време (01:04 часот по Гринич) во градот Почеон, во близина на границата со Северна Кореја.
Военото воздухопловство на Јужна Кореја соопшти дека го истражува инцидентот и се извини за штетата, додавајќи дека ќе обезбеди компензација на погодените.
Додека гранати од вежби со живи гаѓања понекогаш слетуваат во близина на цивилни резиденции, тие ретко предизвикуваат повреди.
Д. Мишев / Цивил Медиа