ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците намерно се отстрануваат од клучните позиции во безбедносните институции; ВЛЕН- За прв пат имаме тројца генерали Албанци

March 7, 2025 10:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За прв пат од потпишувањето на Охридскиот договор, ниту еден Албанец нема клучни позиции во северномакедонската армија.

Отстранувањето на единствениот албански генерал од Оперативната команда ги остави Албанците без застапеност на четирите највисоки воени позиции, се наведува во соопштение од Демократската унија за интеграции ( ДУИ), во кое посочуваат на отстранувањето на на генерал Бесник Емини од позицијата командант на Оперативната команда.

Дополнително, именувањето на генералите Орце Јордев и Мирче Ѓорѓевски, кои добија негативни одговори од НАТО за безбедносни сертификати, предизвикува сериозна загриженост за стратешката ориентација на нашата земја.

Овие случувања укажуваат на тренд кон анти-НАТО, просрпско и проруско лидерство во војската, додека Албанците се систематски исклучени од безбедносниот систем, велат од ДУИ.

За прв пат Агенцијата за разузнавање, Националната агенција за безбедност и Воената агенција немаат Албанци на раководни позиции.

Ова намерно исклучување на Албанците од клучните безбедносни институции претставува сериозна закана за безбедноста на државата и отвора прашања за намерите зад ова етничко чистење во безбедносниот систем.

Во оваа алармантна ситуација, албанските партии во владата мора да престанат со улогата на застапник на антиалбанска и исклучувачка политика.

Албанците нема да останат гледачи туку ќе реагираат за да се заштитат себеси и своите интереси.

Ја повикуваме меѓународната заедница, особено НАТО, да интервенира за да се справи со ова системско исклучување и да обезбеди Северна Македонија да остане посветена на демократските вредности и стратешките партнерства, порачуваат од ДУИ.

Од коалицијата ВЛЕН велат дека додека ДУИ биле на власт, во АРМ никогаш немало повеќе од два генерали Албанци, а сега, од кога е ВЛЕН дел од власта, има дури три.

ДУИ нон- грата  се вдлабочени во сон, а од преголема сапнаост почнуваат да зборуваат неврзано. ДУИ зборува за одбрана и безбедност, но заборава дека додека беа тие на власт никогаш немало повеќе од двајца албански генерали, но сега со ВЛЕН на власт имаме тројца албански генерали, за 8 месеци владеење.

Ниту Талат Џафери, ниту Фатмир Бесими, домаќинот на српскиот генерал, крвопиецот на Албанците (Љубиша Диковиќ), не им завршија работа за ДУИ, бидејќи и двата „тешки“ кадри на ДУИ не успеаја да ги заштитат Албанците додека беа министри во ова министерство. Така што, освен што не направија ништо добро, ги посрамотија Албанците со својата сервилност и бескрупулозно потчинување, реагираат од ВЛЕН.

Д. Т. / Цивил Медиа

Next Post

Македонија стана дел од СЕПА - Единствената област за плаќање во евра

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk