ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новото нормално стана ненормално

March 12, 2025 09:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Секој ден ги гледаме лошите и трагични последици од лажните ветувања на лажните патриоти. Илузијата на власта од „новото нормално“ стана неподносливо ненормално иако сѐ уште прилично немо и исплашено јавноста молчи за институционалниот хаос во државата.

Ветија повисоки демократски дострели, остварија неограничена моќ и уривање на уставниот поредок. Се заколнаа на Уставот, а го деградираа политичкиот и  економскиот систем гарантиран со Уставот. Суспендирана е парламентарната демократија и целосно е поништена поделбата на власта на извршна, законодавна, судска и на институцијата претседател на државата. Со земјата владеат моќници и страховлада со воздигнување на култ на водач. Поранешните „понављачи“ и осуденици од институциите на системот направија партиски штабови. Ветија решителна борба против организираниот криминал и високата корупција, а остваруваат контрола на комплетниот правосуден систем за заштита на сопствениот криминал. Во тек е обнова на правната нееднаквост која ќе уследи со голема криза во правниот систем.

Тажен ден во Македонија

Упадот во правосудниот систем, невиден досега, на што сме сведоци деновиве со јавна демонстрација на неограничена моќ, од законодавниот дом направија партиски преки суд за арогантно противуставно инсталирање на селективна правда. Тажен беше вчерашниот ден во Македонија, 11.03.2025 година, да се гледа и слуша расправата во Собранието за измислена противуставна колективна интерпелација на членови на Судскиот совет.

Ветија траспарентност и достапност на јавноста до информациите и до вистината, а изградија најголема мрежа на организирани лаги, нечуени и невидени досега со популизам и со дезинформации, бетер од валканите предизборни кампањи.

Ветија економска стабилност и повисок стандард на граѓаните, а за само девет месеци остварија поголема сиромаштија, неконтролирано дивеење на цените и обезвреднување на платите, отпуштање од работа на работници, чистки во сите дејности и институции на системот со уште поголема партизација на партизираната држава.

Ветија спроведување на реформите, не спроведоа ниту една, а го избришаа и тоа што беше почнато, дури и тоа што беше доведено до точка од која нема враќање. Ветија дека членството во ЕУ останува главна стратегиска цел, остварија прекин на почнатите преговорите со ЕУ со самоблокада. Плачат дома и по светот за неправдите што ни се направени, а ја направија најголемата неправда на своите граѓани неостварувајќи ништо од ветените подобри договори со соседите. Од сите соседи кандидати за членство во ЕУ денес само Македонија не преговара.

Она што е најлошо, вината на Европа и на соседите ја оправдаа со своите погрешни антиевропски политики и со волонтерски геостратегиски одлуки давајќи им аргументи дека ветата и неправдите биле оправдани. За тоа ја обвинуваат опозицијата која со ништо не може да ги попречи одлуките што треба да ги донесат, бидејќи имаат апсолутно мнозинство во Собранието. На секоја и најдобронамерна критика завиваат медиумските тревоги на власта за општа опасност од домашни непријатели и предавници со што само докажуваат дека ако нема измислени непријатели ќе се види целата неспособност и недораснатост на власта да оствари барем едно ветување.

Најбедниот чин во новинарството     

Вратија многу амбасадори за да инсталираат партиска дипломатија, оправдувајќи ја со тоа изолацијата на Македонија и на сопствените грешки во односите со влијателни држави и државници. Човекот што нема ниту еден ден стаж во дипломатијата ги сослушува професионалните дипломати и ги казнува по наредба на партискиот водач.

Ветија намалување на задолженоста на државата, остварија најголемна задолженост како никогаш досега. Земаа стотици милиони унгарски кредит за коруптивни комунални избори одложувајќи ги преговорите со ЕУ.  Се накитија со туѓи пердуви довршувајќи инфраструктура градена со години.

Во речиси сите полиња  на општествениот живот фрапантни се разликите меѓу ветеното и реалното. Тоа вешто го постигнуваат со страотна пропаганда на прикривање на вистината со свртување на вниманието на јавноста кон теми кои удираат по емоциите на граѓаните, релативизирајќи ги суштинските државни интереси и приоритети. Се прогласува за вистина и тоа што не се случило, како што е лажниот амбиент дека пријателството и стратегиското партнерство со Америка ќе ги реши нашите проблеми, бидејќи претседателот на САД  Доналд Трамп ни станал голем пријател и дека поради тоа пријателство Македонија ќе стана најбогата држава на Балканот. Таа лажна сметка без крчмар ја насочија кон критичарите на ваквите детски илузии дека станале антиамериканци, а до вчера беа американски шпиони и предавници.  Вистината е сосема обратна, се плукаше по Америка и по Европа, по која уште се плука, дека ништо не направиле за Македонија, дека со нивниот протекционизам никогаш нема да влеземе во ЕУ која само што не се распаднала, дека ги поддржуваат само Албанците и уште многу други критики кон американската политика на сите претходни претседатели вклучувајќи го и Доналд Трамп во неговиот прв мандат.

Многумина овде кои сега го величаат Трамп како божество во 2018 ги затвораа ушите и очите да не ги слушнат и да не ги видат неговите зборови напишани во пораката до тогашниот премиер Зоран Заев. Трамп тогаш му напиша на Заев дека „Преспанскиот договор е најисториско достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за неговото храбро лидерство“. Трамп тогаш рече дека Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас обезбедиле постабилна и попросперитетна иднина, не само за двете земји, туку и за целиот регион и дека земјата сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија.

„Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина. Уште еднаш ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата па сè до неговата целосна имплементација“, напиша Трамп.

Кога ќе се прочита оваа порака на Трамп до Заев за неговото лидерство и кога сега се слушаат изјавите за премиерот дека успеале да влезат во периметарот на американскиот претседател и први застанале во редот – да се крсти човек со две раце. Што би рекол знаменитиот професор Марјановиќ. Кој од сегашнава власт има „способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици“ за да ја насочи земјата кон посветла иднина. Ни со борина да ги бараш нема такви луѓе.

Медиумите и социјалните мрежи, колумнисти партиски активисти, самонабедени аналитичари и експерти вината за вкупните состојби во земјата срамно ја насочуваат кон опозицијата која не може да ги блокира одлуките во Собранието и самоволието на власта, како што тоа го правеше сегашната власт кога беше во опозиција.

Да се удира по слаба опозиција затоа што мнозинската власт не ги спроведува своите предизборни ветувања, иако за тоа нема пречки во Собранието, е најбедниот чин во новинарството. По непишано правило кога опозицијата е арогантно и од позиција на сила надгласувана и напаѓана, кога партизираните  институции на системот не функционираат еднакво за сите граѓани,  медиумите, науката и јавните личности со храбри јавни настапи имаат клучна улога за ослободување од стравот на јавноста. Во Македонија таа работа оди бавно, но моќниците и злоупотребите на власта, неостварените ветувања ќе ги забрзаат тие процеси.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Обвинителството на БиХ издаде наредба за апсење на Додик за „напад врз уставниот поредок“

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk